Новинарска етика - скрипта (Авторизирани предавања)

Majhosev, Andon (2013) Новинарска етика - скрипта (Авторизирани предавања). . (Unpublished)

[img]
Preview
Text
NOVINARSKA ETIKA.pdf

Download (1202Kb) | Preview

Abstract

Човековата природа во себе подеднакво ги поседува доброто и лошото, праведното и неправедното, вистината и невистината. Животот е исполнет со безброј парадокси и дилеми. Филозофот на надежта Ернст Блох на многу прониклив начин рекол дека навистина е ограничен, односно глупав, оној кој на една работа не гледа најмалку две страни. Ова мисла секако се однесува и на новинарската професија која како основно правило за објективноста е сослушување на инволвираните страни во настанот. Секоја професија, така и новинарската има своја етика, која се нарекува новинарска етика. Таа преставува применета етика во новинарската професија. Прашањето за етиката во новинарството е старо речиси колку и самото новинарство. Етиката во новинарството е важно и комплексно прашање, бидејќи е каментемелник на професионалното новинарство. Столбовите на новинарството (точност, праведност и објективност) се главните етички прашања на професијата. Новинарството е благородна професија чија основна цел е да открива и пренесува информации. Да се биде новинар е голема чест, но и уште поголема одговорност. Новинарите и медиумите се сервис на јавноста и граѓаните, односно јавно око и уво, која ја согледува и ослушкува јавноста и јавниот дух. Тие имаат света должност да ја информираат јавноста за настаните во општеството брзо, ефикасно, непристрасно и пред се вистинито, преку познатото новинарско правило - сослушување на сите инволвирани страни во настанот, односно секоја страна да ги каже своите аргументи за настанот.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 03 Feb 2014 14:02
Last Modified: 03 Feb 2014 14:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9001

Actions (login required)

View Item View Item