Дискриминација во огласите за вработување

Ananiev, Jovan (2013) Дискриминација во огласите за вработување. Project Report. OSCE, Skopje.

[img]
Preview
Text
DISKRIMINACIJA VO OGLASITE ZA VRABOTUVANJE NASLOVNA.pdf

Download (127Kb) | Preview

Abstract

Во овој истражувачки извештај се содржани резултати од истражувањето на дискриминацијата во огласите за вработување. Реализирано е на примерок од 988 огласи објавени во четири дневни весници и еден веб-портал во периодот од 15 април до 15 септември 2013 година. Податоците се трансформирани во кодови кои понатаму се обработени во статистички софтвер и се добиени квантитативни податоци. Единица на анализа беа огласите за вработување. Ова истражување е прво од ваков вид во државата и има неколку придобивки од него. Прво, претставува систематизирано следење на една појава во траење од пет месеци и изобилува со податоци кои може да се корегираат и да дадат вистинска слика за појавата на дискриминација во огласите за вработување. Со ова, помага на стручната јавност да добијат комплетни сознанија, на Комисијата за заштита од дискриминација да алармира и да дава препораки а на креаторите на политики да преземаат мерки во насока на надминување на конкретната состојба. Второ, претставува придонес кон науката која ги проучува човековите права и науката за трудот и работните односи во насока на добивање на сознанија за предметот на истражување со сите негови специфики. Трето, истражувањето има методолошки придонес со тоа што може да послужи како модел за претворање на квалитативните во квантитативни податоци и понатамошно нивно статистичко и описно толкување. Во текстот е даден опис на методологијата, примерокот на истражувањето, степенот на постоење на дискриминација, облиците на дискриминација, основите на дискриминација и заклучоци и препораки.

Item Type: Monograph (Project Report)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jovan Ananiev
Date Deposited: 03 Feb 2014 11:04
Last Modified: 04 Aug 2015 09:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8991

Actions (login required)

View Item View Item