Инфламаторна фаза на заздравување по ласер потпомогната обработка на пародонтален џеб

Minovska, Ana (2013) Инфламаторна фаза на заздравување по ласер потпомогната обработка на пародонтален џеб. In: Современи аспекти на конзервативната стоматологија, Nov 2013, Скопје, Македонија.

[img]
Preview
Text
2013_Skopje.pdf

Download (1708Kb) | Preview

Abstract

Есенцијално, нехируршкиот пародонтален третман се остварува со дебридман на пародонталниот дефект, којшто може да се изведе или со конвенционален, механички или од неодамна, со ласерски третман. Во терапијата на пародонталниот џеб, ласерот не само што ги абладира заболените ткива, ги деконтаминира и детоксицифира и мекиот зид на џебот и површината на коренот, туку може и да го стимулира или да го активира околното гингивално и коскено ткиво. Познато е дека брановите должини на ербиум ласерите се најшироко апликативни во стоматолошката клиничка пракса, а важат и за најсоодветни ласери за пародонталната терапија. Денес „ласерот за сите ткива“, Er:YAG високо-моќниот ласер, е перформациски широко подготвен за аблација на пародонтално заболените ткива, истовремено делумно очекувајќи и ниско-реактивно ниво на ласерски ефект во околните ткива. Концептот на ласерски асистиран терапевтски приод, користејќи ниско ниво на Er:YAG ирадијација, би требало да ја оствари или да ја промовира нормалната ткивна репарација, и со тоа да ги зајакне секвенците на случувања што ги трансформираат ткивата од повредена во “нормална“ состојба. Заради тоа што сѐ уште нема студии за ефектот од Er:YAG ирадијација со ниско ниво на интензитет врз акутната фаза на заздравувањето по терапија на пародонтален џеб, целта на оваа студија беше да се спроведе хистоморфометричка анализа на акутната фаза од зараснувањето на раната, по ласерски асистиран дебридман на пародонтален дефект, компариран со конвенционална, рачна инструментација, анализирајќи ги инфламаторните клетки и сликата на заздравувањето во рамките од 3 дена. Клучни зборови: Er:YAG ласер, ласер асистиран дебридман на џеб, нехируршки пародонтален третман, зараснување на рана (Er:YAG laser, laser assisted pocked debridement, no-surgical periodontal treatment, wound healing)

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ana Minovska
Date Deposited: 03 Feb 2014 10:48
Last Modified: 10 Aug 2015 07:33
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8982

Actions (login required)

View Item View Item