Туристичко планирање

Petrevska, Biljana (2014) Туристичко планирање. Еднотера - Скопје. ISBN 978-608-65554-2-9

[img]
Preview
Text
Turisticko planiranje.pdf

Download (1078Kb) | Preview

Abstract

За да може да се очекува успешен развој на туризмот, мора да се применува концептот на неговото планирање. Притоа, мора да се води грижа за остварување на сите приоритетни цели на туристичкото планирање, во прв ред мислејќи на: економскиот развој на земјата; задоволувањето на потребите на туристите; и заштитата на ресурсите преку интегрирање на туризмот во социјалниот и економскиот живот на заедницата. Истовремено, генералната политика на туристичкото планирање треба да биде насочена подеднакво и кон создавањето квантитет, но и кон подобрувањето на неговиот квалитет. Така, сомнежот кој во минатото постоеше за ефектите од воведувањето концепт на туристичкото планирање, веќе одамна е надминат. Последователно, на туристичкото планирање сѐ повеќе се гледа како на неминовна насока за иден развој на туризмот. Соодветно на тоа, проблематиката на примена на туристичкото планирање е централна тема на оваа книга. Методолошки, книгата е структурирана во три дела кои меѓусебно се надоврзуваат и надополнуваат. Во првиот дел е детално објаснет концептот на туристичкото планирање, пришто е дадена продлабочена анализа за пооделните фази на планирањето, нивоата, целите, елементите како и значењето на планирањето. Вториот дел прави чекор понатаму и се обидува да даде одговор на најважните прашања поврзани со планирањето на развојот на туризмот. Во таа насока, најнапред се разработени најкарактеристичните прашања поврзани со туристичкиот развоен план, а потоа е укажано на значењето на предвидувањето како неизбежен дел од планирањето. Така, покрај најважните прашања поврзани со предвидувањето на туристичката побарувачка, дадена е и кратка анализа на најчесто употребуваните квантитативни и квалитативни методи и модели за предвидување, со цел да се согледаат предностите и недостатоците при нивната практична примена. Книгата е заокружена со третиот дел кој е во целост посветен на туристичкото планирање во Македонија, пришто се дадени многубројни емпириски истражувања од кои произлегуваат интересни заклучни согледувања и препораки.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 29 Jan 2014 14:39
Last Modified: 29 Jan 2014 14:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8893

Actions (login required)

View Item View Item