Безбедно користење на безжични ad-hoc мрежи

Apostolovski, Ilija and Bogdanoski, Mitko (2012) Безбедно користење на безжични ad-hoc мрежи. In: CITYR'12, 21-23 Sept 2012, Skopje, R. Macedonia.

[img]
Preview
Text
Безбедно користење на безжични ad-hoc мрежи.pdf

Download (913Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Programa CITYR 2012.pdf

Download (2078Kb) | Preview

Abstract

Безжичните мрежи се решенија кои овозможуваат поврзување на компјутерските мрежи за пренос на податоци на отворени и затворени локации, пренос преку интернет конекција и користење на сите бенефити од мрежното поврзување. Безжична ad hoc мрежа е колекција од јазли/крајни станици кои комуницираат еден со друг, формирајки повеќескоковна радио мрежа и одржувајќи конективност на децентрализиран начин, односно без централен сервер. Тие создаваат привремена конекција, при што некои од уредите се членови на мрежата само додека трае комуникациската сесија. Секој јазол во ad hoc мрежата функционира и како хост и како рутер, што значи контролата на мрежата е дистрибуирана помеѓу јазлите. Додека јазлите комуницираат преку безжичните линкови тие мораат да се соочуваат со ефектите на радио комуникацијата, како што е бучност, слабеење на сигналот со оддалеченоста и пречки. Целта на овој труд е да се разгледа принципот на функионирање на безжичните ad-hoc мрежи и да се разгледаат безбедносните механизми кај овие мрежи, кои, поради нивната природа се значително поспецифични од останатите безжични мрежи. На крај е прикажан практичен пример за правилно и безбедно креирање на безжична ad-hoc мрежа кај Windows 7 OS.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Military Academy
Depositing User: Mitko Bogdanoski
Date Deposited: 28 Jan 2014 13:50
Last Modified: 28 Jan 2014 13:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8831

Actions (login required)

View Item View Item