Потреба од промена на правилникот за начинот на определување и оддржување на заштитните зони околу изворите на водите за пиење во Република Македонија

Mircovski, Vojo and Stefanova, Violeta and Sijakova-Ivanova, Tena (2013) Потреба од промена на правилникот за начинот на определување и оддржување на заштитните зони околу изворите на водите за пиење во Република Македонија. Македонско рударство и геологија, 14 (23). ISSN 1409-8288

[img]
Preview
Text
vojo.pdf

Download (18Mb) | Preview

Abstract

Законот за води (Сл. Вес. На Р.М. бр. 87/08) ги дава законските основи за искористување на водите, заштитата на водите и заштита од штетното делување на водата и претставува основен документ за управување со водите во Република Македонија. Според законот за води со членовите 96, 97, 98, 99 и 100 е регулиран начинот на кој треба да се заштитат водите кои се наменти за консумирање од страна на човекот. Во член 96 од овој закон се наведуваат сите видови на водни тела околу кои треба да се одредат заштитините зони. Со овој член со ставот еден се укажува дека за превентивна заштита на водните тела кои се користат за консумирање од човекот треба да се одредуваат заштитни зони. Понатаму во член 98 се укажува дека водното тело кое што се користи за снабдување со вода наменета за консумирање од страна на човекот се заштитува преку воспоставување и одржување на потесна или зона на строг санитарен надзор и една или повеќе пошироки заштитни зони.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Sanja Stefanova
Date Deposited: 24 Jan 2014 13:36
Last Modified: 12 Aug 2014 11:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8812

Actions (login required)

View Item View Item