Потекло и адаптација на турскиот суфикс -ли /-Lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü) во македонскиот јазик

Leontik, Marija (2013) Потекло и адаптација на турскиот суфикс -ли /-Lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü) во македонскиот јазик. Литературен збор (4-6). pp. 23-29. ISSN 0024-4791

This is the latest version of this item.

[img]
Preview
Text
2013-m-leontik--literaturen zbor-4-6.pdf

Download (1021Kb) | Preview

Abstract

Апстракт: Во историскиот развој на македонскиот јазик навлезени се голем број на турски лексички заемки со турскиот суфикс -ли (-lı, -li, -lu, -lü). Со текот на времето овој суфикс во македонскиот јазик покажа омиленост, прифатеност и продуктивност. До стандардизацијата на македонскиот јазик, суфиксот -ли навлегувал со изворната форма, во помал број примери останувал таков, а во најголем број случаи доживувал спонтани адаптации (-лија, -лиа, -лја, -лика, -лијка, -личка, -личе, -лијче) зависно од фонетските особености на македонските говори. По стандардизацијата на македонскиот јазик најчесто се користи адаптираната форма -лија, а изворната форма -ли е својствена за одредени лексички слоеви. Со нормирањето, другите форми не се внесени во литературниот македонски јазик, но можат да се сретнат во македонските говори и дијалекти. Клучни зборови: турскиот суфикс -ли, изворна форма на -ли, адаптирана форма на -ли, хибридни полиморфемни суфикси со -ли.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 24 Jan 2014 09:10
Last Modified: 24 Jan 2014 09:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8674

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item