Толковник на поими, термини и имиња од областа на туризмот (англиско-руско-македонски)

Metodijeski, Dejan and Golakov, Kostadin (2013) Толковник на поими, термини и имиња од областа на туризмот (англиско-руско-македонски). Современост, Скопје. ISBN 978-608-4501-35-0

[img]
Preview
Text
Tolkovnik na poimi termini i iminja od oblasta na turizmot.pdf

Download (254Kb) | Preview

Abstract

За повеќето луѓе туризмот има конотација на туристичко патување и има тенденција да биде синоним за празници, одмор, рекреација и користење на слободното време. За оние кои работат во туризмот, со започнувањето на одморот на луѓето започнува и нивната работа. Помеѓу овие два краја на спектарот постои употреба на јазик со специјална терминологија која се користи во туризмот. Основната цел на овој толковник е да обезбеди правилно толкување на зборовите, поимите и изразите кои се користат при реализирањето на одморот или на туристичкото патување. Областите кои се опфатени вклучуваат: угостителски објекти со изрази и термини кои се користат во ресторани и кујни, хотели и разни видови објекти за сместување на гостите, патничко и здравствено осигурување, различните видови на транспорт, условите кои се однесуваат на работењето, како што се персонал, управување и слично, важни личности од историскиот развој на туризмот, меѓународни и национални асоцијации и здруженија и др. Исто така, толковникот содржи и термини поврзани со храна и пијалаци, различни видови на туризам, спорт, рекреација, слободно време итн. Процесот на селекција на термините во толковникот одразува за кого е тој наменет. Првенствено е наменет за сите кои работат во туристичкиот сектор, но исто така и за академската јавност, студентите, оние кои патуваат во странство, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туризмот. Во толковникот се опфатени зборови и изрази кои се користат секојдневно од страна на сите вработени во туризмот и од страна на оние кои учествуваат во него како потрошувачи. Авторите на овој толковник прават напор да им обезбедат основно, точно и јасно објаснување на значењето на најчесто користените зборови и фрази во патувањето, туризмот и угостителството со што ќе придонесат за зголемување на стручната литература од ова поле. Ова издание на толковникот содржи повеќе од 860 термини, подредени по азбучен ред на англиски ја¬зик, преведени на руски јазик и потоа преведени и објаснети на македонски јазик. Во изработката на толковникот користена е соодветна стручна литература од областа на туризмот и угостителството. Имајќи предвид дека ова е прво издание на толковникот и поради јазичните разлики, можеби сме пропуштиле некои важни термини, зборови и изрази од туристичкиот бизнис. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание на толковникот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 16 Jan 2014 13:09
Last Modified: 05 Aug 2015 06:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8644

Actions (login required)

View Item View Item