Пајонски утврдувања, населби и некрополи по долината на р. Брегалница-Малешевија, јуни–јули 2013 - прелиминарен извештај

Nacev, Trajce and Stojanovski, Darko (2013) Пајонски утврдувања, населби и некрополи по долината на р. Брегалница-Малешевија, јуни–јули 2013 - прелиминарен извештај. [Project] (In Press)

[img] Text
прелиминарен извештај.docx

Download (548Kb)

Abstract

Во периодот од 10.06.2013 до 10.07.2013 година беше реализирана првата фаза од проектот „Пајонија во долината на р. Брегалница", чиј носител е Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип, под раководство на доц.-др. Трајче Нацев. Лоциран околу горниот тек на Брегалница, Малешевскиот регион беше избран како локација од каде би започнал поширокиот проект, насочен пред се кон истражување на Железното време во Источна Македонија. Во оваа фаза на проектот учествуваа археолози од Македонија и Бугарија, како и студенти од прва и втора година Историја со археологија на Факултетот за бразовни науки при УГД. Во текот на еден месец беа посетени 28 археолошки локалитети, два од кои не се регистрирани до сега во Археолошка карта на Р. Македонија. На шест од овие локалитети беа извршени сондажни археолошки истражувања, а на останатите – рекогносцирање. Првично зацртаните цели не беа целосно остварени, но со оглед на расположливите финансиски средства, беше извлечено максимално количество на научна археолошка информација од Малешевскиот регион. Доистражување на некои од локалитетите останува да биде остварено во рамките на следната фаза на проектот.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 30 Dec 2013 13:25
Last Modified: 30 Dec 2013 13:25
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8609

Actions (login required)

View Item View Item