Конкурентноста на малите претпријатија во услови на изразени глобализациски процеси

Magdinceva Sopova, Marija and Postolov, Kiril (2012) Конкурентноста на малите претпријатија во услови на изразени глобализациски процеси. In: First International Conference for Business, Stip, R.Macedonia.

[img]
Preview
Text
КОНКУРЕНТНОСТА НА МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО УСЛОВИ НА ИЗРАЗЕНИ ГЛОБАЛИЗАЦИСКИ ПРОЦЕСИ.pdf

Download (237Kb) | Preview
Official URL: http://icbef.ugd.edu.mk/dok/en/book.pdf

Abstract

Глобализациските процеси претставуваат доминантен општествен феномен кој има влијание на сите аспекти од општествениот живот вклучително и претприемништвото и малите претпријатија како значаен економски сегмент. Истражувањето на конкурентноста на малите претпријатија преку анализа на заканите и можностите кои се јавуваат како резултат на феноменот глобализација, карактеристиките на претприемачот на 21-ви век, промената на претприемничнкиот модел и појавата на нови трендови во економијата и претприемништвото, само го потврдуваат фактот дека глобализацијата претставува неминовен процес кој бара малите претпријатија суштински и институционално да се прилагодат. Конкурентноста подразбира збир на активности преку кои континуирано се врши проверка на сопствените предности и меѓусебни односи со конкурентните претпријатија во окружувањето заради откривање на можностите кои претставуваат предност. Малите претпријатија постигнуваат состојба на конкурентско позиционирање преку постојано унапредување и зголемување на стекнатите предности но и преку создавање на нови, оригинални предности кои се различни од предходнo стекнатите. Во ова истражување ќе бидат користени методите на анализа на стручната литература за влијанието на глобализацијата на малите претпријатија и претприемништвото. Во истражувањето исто така ќе биде користен и синтетичкиот метод како и индуктивниот, дедуктивниот и компаративниот метод. Истражувањето поаѓа од констатацијата дека глобализациските процеси како едно од најважните обележја на тековното живеење кое се карактеризира со забрзан техничко-технолошки прогрес и забрзан развој на информациската и комуникациската технологија, претставуваат неизбежни процеси во кои малите претпријатија мора да се вклучат за да постигнат економски развој. Целта на овој труд е да се елаборираат одредени работи поврзани за зголемување на конкурентноста на малите претпријатија во услови на глобализациска и економска интеграција. Изворите на конкурентската предност кај малите претпријатија може да бидат интерни и екстерни активности кои ги преземаат малите претпријатија преку соодветни стратегии за задржување на конкурентската предност придонесуваат за намалување на негативните ефекти од глобализациската интеграција

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Marija Magdinceva Sopova
Date Deposited: 27 Dec 2013 09:43
Last Modified: 27 Dec 2013 09:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8500

Actions (login required)

View Item View Item