Студентите истражуваат за студентите - Анкета на студентите по Новинарство и односи со јавноста на тема: младите и медиумите

Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana (2013) Студентите истражуваат за студентите - Анкета на студентите по Новинарство и односи со јавноста на тема: младите и медиумите. [Project]

[thumbnail of Studentite istrazuvaat za studentite - Mladite i mediumite.pdf]
Preview
Text
Studentite istrazuvaat za studentite - Mladite i mediumite.pdf

Download (594kB) | Preview

Abstract

Студентите по новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев”-Штип, во периодот мај - септемви 2013 година спроведоа истражување меѓу студентите на УГД на тема “Младите и медиумите”. Истражувањето беше спроведено преку анкета со која беа опфатени 280 студенти, на возраст од 19 до 22 години, од кои 160 (57%) од женски пол и 120 (43%) од машки пол.
Целта на анкетата беше да се увиди состојбата кај младите/студентите во однос на популарноста на дневните весници наспроти информативните вести на ТВ и Интернетот, нивната доверба во новинарите, влијанието на медиумите врз формирањето на нивните мислења и ставови. Во анкетата студентите имаа можност да се изјаснат за нивниот омилен весник, омилен новинар, за тоа на која телевизија најчесто ги следат информативните вести, кои рубрики им се омилени, што најмногу им пречи.
На 18.11.2013, студентите ја одржаа првата самостојна прес-конференција, што претставува дел од практичната работа по стручните новинарски предмети и предметите од областа на односи со јавноста, на која беа презентирани резултатите од истражувањето.
Оваа практична работа на студентите е дел од проектот “Студентите истражуваат за студентите” во рамки на кој, под менторство на доцент доктор Сузана Џамтоска-Здравковска, се спроведуваат истражувања меѓу студентите со цел да се слушне нивниот став и мислење за теми и области од општествениот живот, но претежно поврзани со новинарството, медиумите, односите со јавноста и комуникациите.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Suzana Dzamtoska Zdravkovska
Date Deposited: 24 Dec 2013 07:55
Last Modified: 07 Aug 2015 12:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8489

Actions (login required)

View Item View Item