Осврт кон меѓународните стандарди за финансиско известување - скрипта

Kostadinovski, Aleksandar and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2013) Осврт кон меѓународните стандарди за финансиско известување - скрипта. ISBN 978-608-4708-72-8.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=224

Abstract

Меѓународните сметководствени стандарди (Меѓународните стандарди за финансиско известување) несомнено имаат пресудна улога во процесот на унификација и хармонизација на финансиското известување во глобални рамки. Меѓународните стандарди за финансиско известување ги стандардизираат финансиските извештаи и финансиското известување и прават компромис при нивната примена и начинот на којшто се користат различните методи за проценка на позициите, главно, за да се изготват финансиските извештаи што ќе дадат вистински непристрасен и веродостоен преглед на имотот, обврските и капиталот, промените во финансиската состојба и финансискиот резултат на деловните субјекти. Исто така, непобитен факт е и тоа што финансиското известување, фундирано врз сметководствените стандарди, според квалитетот, претставува најдобра и најсигурна подлога за оценување на различните деловни одлуки од страна на сите зинтересирани субјекти. Процесот на глобализација на светските текови на луѓе, стока и капитал ја наметна потребата од креирање на единствен сметководствен јазик, со чија примена се креираат унифицирани и споредливи финансиски извештаи. Со воведувањето на меѓународните стандарди за финансиско известување и нивното прифаќање од страна на сметководствените практики на голем број земји ширум светот се добива прецизна слика за финансиската состојба, финансиската успешност и тековите на готовината на компаниите. На овој начин меѓународните стандарди за финансиско известување стануваат основа за презентирање на квлитетни финансиски извештаи, кои надополнети со меѓународните ревизорски стандарди (МРС) нудат унифицираност при ревидирањето на финансиските извештаи и при изразувањето на независно ревизорско мислење. Главната причина за воведувањето на меѓународните стандарди за финансиско известување и во Република Македонија е обезбедувањето конзистентност во известувањето на македонските компании со останатите компании во светот. Со воведувањето на стандардите корисниците на финансиските извештаи добиваат реална слика за финансиската состојба и успешност на компанијата, односно се нудат доверливи, веродостојни, разбирливи и споредливи финансиски информации кои се неопходни во процесот на донесувањето адекватни одлуки од страна на корисниците (компаниите). Согласно чл. 469 од Законот за трговски друштва, во Република Македонија сите средни и големи трговски друштва, како и банки и осигурителни компании, друштва кои котираат на берза и друштва кои влегуваат во консолидација водат сметководство во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) објавени во Службен весник на Македонија. Сите други друштва водат сметководство во согласност со Меѓународниот стандард за мали и средни субјекти. Согласно Правилникот за водење на сметководство објавен во службен весник на Република Македонија бр. 159/2009, 164/2010, 107/2011, се пропишува водење на сметководство во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување, утврдени од ОМСС - Одборот за меѓународни сметководствени стандарди, и истиот содржи: 1. МСС - Меѓународни сметководствени стандарди; 2. МСФИ - Меѓународни стандарди за финансиско известување; 3. ПКТ - Толкувања на постојниот комитет за толкувања; 4. КТМФИ - Толкувања на Комитетот за толкување на меѓународното финансиско известување 5. МСФИ за МСЕ - Меѓународни стандарди за финансиско известување за мали и средни ентитети. Скриптата Осврт кон меѓународните стандарди за финансиско известување ги содржи суштинските делови од одделните МСС, МСФИ и Толкувања, кои на студентите од додипломските и постдипломските студии на Економскиот факултет, при Универзитетот Гоце Делчев во Штип ќе им овозможи стекнување на основни сознанија за целите, барањата, делокругот на примена на одделните стандарди, неопходни во процесот на составување и презентирање на финансиските извештаи на деловните ентитети.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 23 Dec 2013 15:00
Last Modified: 06 Apr 2015 12:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8483

Actions (login required)

View Item View Item