Забрана на дискриминацијата во областа на работните односи - правна рамка и проблеми при имплементацијата на прописите

Belovski, Vojo (2013) Забрана на дискриминацијата во областа на работните односи - правна рамка и проблеми при имплементацијата на прописите. In: OSCE – Organizacion for Security and Cooperation in Europe Mission to Skopje, Основи за дискриминација – законска рамка, пракса и предизвици: искуства од граѓанскиот сектор.

[img]
Preview
Text
Naj novo 2013 zabrana na diskriminacija koregirano.pdf

Download (571Kb) | Preview

Abstract

Дискриминацијата е правење разлика, исклучување или преферирање, кое се врши според една или повеќе од следните основи на дискриминација: бојата на кожата, потеклото, политичката определба, расата, религијата, полот, социјалното потекло или на другите основи одредени со законот на државата, како на пример: возраста, статусот на граѓанинот, хендикепот и сексуалната определба, кои ја исклучуваат или намалуваат можноста за еднакво третман при вработување.1 Според Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на РМ, бр. 50 од 13.04.2010 год.), член 5, т.3 и 4: „Дискриминација е секое неправедно правно или фактичко, непосредно или посредно правење на разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање (исклучување, ограничување или давање првенство) во однос на лица или групи кое се заснова на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна сосотојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа; Дискриминаторско однесување и постапување е секое активно или пасивно однесување на секое лице од страна на јавните власти, како и од страна на правни и физички лица од приватниот и јавниот сектор во јавниот живот, кое создава основи за привилегирање или депривилигирање на некое лице на неправеден начин, или кое го изложува на неправеден и деградирачки однос во споредба со други лица во слична ситуација, базирано на која било од дискриминаторските основи“.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Sanja Stefanova
Date Deposited: 13 Dec 2013 13:35
Last Modified: 13 Dec 2013 13:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8400

Actions (login required)

View Item View Item