Суштински студии за наративната граматика

Mladenoski, Ranko (2006) Суштински студии за наративната граматика. Современост, 54 (4). pp. 121-129. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 7 dekemvri 2013_Za Teorija na prozata Sovremenost_Ranko Mladenoski Sustinski studii za narativnata gramatika.pdf

Download (96Kb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува поширок осврт (рецензија) за книгата со наслов „Теорија на прозата“ од приредувачот и преведувачот Атанас Вангелов кој во оваа книга приложи и еден предговор со мошне екстензивен дијахрониски преглед на развојот на структуралистичкиот метод во книжевно-теориските истражувања. Книгата беше објавена во 1996 година од издавачот „Детска радост“ во Скопје. Во трудот се нуди податокот дека во оваа книга Вангелов извршил избор и превод на шест значајни студии од шест, исто така значајни, автори: Маргарет Мекдоналд („Јазикот на фикцијата“), Жан Коен („Семантичко рамниште: приреденост“), Алжирдас Жилиен Грејмас („Елементи за една наративна граматика“), Ролан Барт („Увод во структуралната анализа на раскажувањето“), Цветан Тодоров („Категории на литературното раскажување“) и Филип Амон („За еден семиологиски статус на ликот“). Во овој осврт се даваат детални елаборации на шесте текста, но и на предговорот од Атанас Вангелов. На крајот од трудот се заклучува дека станува збор за книга што ја нуди суштината на структуралистичките и постструктуралистичките книжевно-теориски проучувања или, како што инсистира приредувачот на ова издание, суштината на една модерна литературна наука, како и тоа дека „Теорија на прозата“ е книга која уште долго време нема ништо да загуби од својата актуелност.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 12 Dec 2013 14:03
Last Modified: 12 Dec 2013 14:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8387

Actions (login required)

View Item View Item