Ликови-референти во современата македонска проза

Mladenoski, Ranko (2006) Ликови-референти во современата македонска проза. Зборник на трудови од XXXII Научна конференција на XXXVIII Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. pp. 185-198. ISSN 9989-43-238-4

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 5 dekemvri 2013_Likovi referenti Konf Ohrid seminar_Ranko Mladenoski Likovi referenti vo sovremenata makedonska proza.pdf

Download (123Kb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува книжевно-теориска елаборација на поимањето на ликовите-референти со апликации од современата македонска литература. Во трудот најпрво се наведуваат и се детерминираат трите општи категории ликови што ги идентификуваше Филип Амон, а тоа се ликови-деиктици, ликови-анафори и ликови референти по што се преминува на конкретна и опширна разработка на терминот ликови-референти. Овде, во трудот, се дополнува списокот од видовите на ликови-референти што ја понуди Амон, а тоа се историски ликови (Наполеон III во Ругон-Макарови, Ришелје кај А. Дима...), митолошки (Венера, Зевс...) и алегориски (љубовникот, суртукот...). Имено, во овој труд се аргументира тезата дека списокот на ликови-референти може да се прошири и со други видови ликови-референти, како што се на пример уметничките ликови (Дом Кихот, Супермен, атомската мравка и сл.) со што добиваме и други видови ликови-референти, па таа листа на овој вид ликови ќе биде следната: историски ликови (Наполеон, Александар Македонски, цар Самуил, Гоце Делчев...), митолошки (Венера, Зевс, Дионис...), уметнички ликови (Дон Кихот, Супермен, атомската мравка...), алегориски (љубовникот, стројникот, суртукот...), неантропоморфни ликови (Букефал, Дојранско Езеро, Самуилова тврдина, хотел „Бристол“...). Со тоа се дава скромен придонес во развивањето на книжевно-теориската мисла.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 10 Dec 2013 08:50
Last Modified: 10 Dec 2013 08:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8355

Actions (login required)

View Item View Item