Имплементирање тимови од деловниот сектор во системското управување на високообразовните институции - клучен фактор за целосен квалитет

Serafimova, Mimoza and Stojceska Gjorgioska, Mirjana and Bardarova, Snezana (2013) Имплементирање тимови од деловниот сектор во системското управување на високообразовните институции - клучен фактор за целосен квалитет. Списание на трудови на ДНУ - Прилеп (26-27).

[img]
Preview
Text
ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ ТИМОВИ ОД ДЕЛОВНИОТ СЕКТОР ВО СИСТЕМСКОТО УПРАВУВАЊЕ НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ.pdf

Download (386Kb) | Preview

Abstract

Не е доволно само да се нагласи потребата од повисок квалитет на образованието, туку да се дискутира неговата условеност од промената на сегашниот систем за обезбедување и вреднување на образовниот квалитетот од сеопфатен систем и негова контрола кој на сите заинтересирани страни, во и надвор од системот, навремено би им нудел валидни и релевантни информации и препознатливи докази за својата ефикасност и кој ке биде вреднуван од оние кои вработуваат и директно се соочуваат со неговите реални вредности и недостатоци. Високообразовните институции, како крајна алка во формалниот едукативен систем, повеќе од било која друга институција се соочуваат со повикана одговорност и дефинирани барања за профитабилност, квалитет и одржлив развој. За овој постојан притисок да се претвори во предност, потребно е да ја реформираат постојната системска одржливост и подобрувањето на квалитетот на нивните излезни резултати. Иновативнста во таа насока можат да ја постигнат со воведување на целосен квалитет во системот за управување, за чии работни стратегии ке го консултираат деловниот сектор, со што би се ублажиле предизвиците на економските турболенции и зголемениот глобален пазар. Високото ниво на знаење и применливите компетенции и вештини кои се прифатени како базични услови за активно граѓанство, вработување и социјална кохезија, забрзано иницираат образовен квалитет кој е есенцијален и од аспект на потребите на пазарот на труд и слободното движење на работната сила во и надвор од рамките на секоја држава.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 10 Dec 2013 08:55
Last Modified: 06 Aug 2015 13:09
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8324

Actions (login required)

View Item View Item