Карактеристики на ефективно управување

Stojceska Gjorgioska, Mirjana and Serafimova, Mimoza and Gjorgioski, Goce (2013) Карактеристики на ефективно управување. Списание на трудови - ДНУ, Прилеп (26-27).

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_mimoza.serafimova_Desktop_Е-репозиториум_Карактеристики на ефективно управување.doc] Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_mimoza.serafimova_Desktop_Е-репозиториум_Карактеристики на ефективно управување.doc

Download (404kB)

Abstract

Република Македонија го започна својот пат кон децентрализација и локална демократија. Централната власт пренесува надлежности и установи на локално ниво, процес со кој ќе се зголемуваат овластувањата на локалната самоуправа за самостојно управување.
Во оваа насока особено значаен чекор е пренесувањето на надлежностите за основање, управување и раководење на училиштата од централната власт на општините.
Со засилување на трендот Ефективни училишта, и Училишен менаџмент, училишната самостојност и Училишните одбори се спомнуваат како начин да се зголеми ефективното раководење. Денес, заедно со акцентот врз стандардите и гаранцијата на квалитетот, се соочуваме со појава на изменета улога на Училишните одбори со зголемувањето на вклученоста на заедницата во училишното управување преку силни и добро воспоставени училишни одбори, што може да го зголеми квалитетот на наставните и процесите на учење, генерирајќи позитивен ефект врз степенот на успех кај учениците.
Училишниот одбор има важна улога во образовниот систем. Добро етаблиран, училишниот одбор може да ја обезбеди потребната поддршка на училиштето за да се подобрат неговите перформанси како образовна институција и да се подобрат постигнувањата на учениците.
Образованието е сфера која е значајна за целото општество. Затоа е многу битно прашањето за демократско управување со училиштата, транспарентноста и прегледноста на сите процедури и донесување на одлуки. Училиштата мора да се трансформираат во установи кои ќе бидат управувани на осмислен и коензистентен начин.
Во овој контекст, улогата на локалната заедница и на родителите ќе има исклучително значење. Односно, досегашното релативно пасивно учество е заменето со нивна активна улога во креирањето на политиките на училиштето и неговиот развој. Нивната вклученост во училишниот одбор, како најстручно тело коe ќе ги креира политиката и развојот на училиштето, ќе придонесе да се зајакне квалитетот на образованието во училиштето. Посебно, улогата на единиците на локалната самоуправа во креирањето на политиката на образованието на локално ниво ќе придонесе училиштето да има што повеќе врски со локалната средина. Образованието не дејствува во изолација, како потреба само за себе, туку пред сè за потребите на локалната средина
За да може Училишниот одбор да одговори на овие потреби мора да развие способност да работи тимски, да обезбедува соработка, а не ривалство. Училишниот одбор континуирано треба да стекнува теориски и практични знаења и да не стравува од промените кои се неопходни во процесот на развојот на училиштето. Значи, пред се, Училишниот одбор треба заеднички да развива идеи, ставови и вредности кои ќе се обединат во визија за позитивните промени во училиштето.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 05 Dec 2013 13:01
Last Modified: 05 Dec 2013 13:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8323

Actions (login required)

View Item View Item