Минатото како лекција за сегашноста и за иднината

Mladenoski, Ranko (2007) Минатото како лекција за сегашноста и за иднината. In: Стјепан Томаш, Златоустиот. Современост, Скопје, pp. 237-242. ISBN 978-9989-2690-0-4

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 23 noemvri 2013_Zlatoustiot Tomas pogovor_Ranko Mladenoski pogovor za Zlatoustiot.pdf

Download (57Kb) | Preview

Abstract

Трудот е осврт (рецензија) за романот „Златоустиот“ од хрватскиот автор Стјепан Томаш. Романот е преведен на македонски јазик и објавен во 2007 година од издавачот „Современост“ во Скопје. Во трудот се укажува на тоа дека романот е составен од две приказни што се одвиваат паралелно пред очите на читателот, односно дека авторот Томаш изградил една книжевна структура која хрватската книжевно-критичка мисла веќе ја детерминираше како „роман во роман“. Имено, првата приказна го носи белегот на нашето време, односно од последната деценија на 20 век, додека дејствието на другата приказна ги следи најзначајните сегменти од времето на Јосип Јурај Штросмаер, а тоа е втората половина на 19 век. Во трудот се потенцира и тоа дека како фрагмент во овој роман е опишана и средбата на Константин Миладинов со Јосип Јурај Штросмаер што е значајно за македонската култура, зашто како што е познато Штросмаер е финансиерот за објавувањето на Зборникот од браќата Миладиновци. Во заклучокот на трудот се потенцира дека „Златоустиот“ е роман за хрватскиот бискуп Штросмаер, роман за Хрватска од втората половина на 19 век и од последната деценија на 20 век, роман за постојаната борба за негувањето и чувањето на идентитетот, роман за хрватските, австриските, унгарските, српските, јужнословенските, словенските, па и воопшто човечките заблуди, роман за минатото, за сегашноста, за иднината.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 02 Dec 2013 11:01
Last Modified: 02 Dec 2013 11:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8268

Actions (login required)

View Item View Item