Длабоките корени на иднината

Mladenoski, Ranko (2008) Длабоките корени на иднината. In: Петре Бакевски, Небесен оган. Микена, Битола, pp. 5-21. ISBN 978-9989-55-061-4

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 23 noemvri 2013_Petre Bakevski Poezija Nebesen ogan predgovor_Ranko Mladenoski Dlabokite koreni na idninata.pdf

Download (123Kb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува интерпретација на целокупното поетско творештво на македонскиот автор Петре Бакевски, а објавен е како предговор во книгата „Небесен оган“ (Петре Бакевски, Небесен оган, Микена, Битола, 2008) којашто, всушност, е издание (том) од проектот „Македонска книжевност во 130 тома“ финансиран од Министерството за култура на Република Македонија. Во трудот е извршена детална анализа на основните особености на поезијата од Петре Бакевски, а се врши, исто така, и еден панорамски преглед на активата на македонската книжевна критика во однос на естетските вредности на стиховите од Бакевски каде што се застапени критичко-интерпретативните судови на Венко Андоновски, Јадранка Владова, Анте Поповски и други. Во однос на суштинските карактеристики на поезијата од Бакевски, во трудот детално се анализираат следните елементи: идентитетот (индивидуален и колективен), семантиката на темпоралната оска (минато/ сегашност/ иднина), митот и историјата како интертекст (поточно хипотекст, односно палимпсест) во стиховите на Бакевски, епската битка во лирскиот субјект, антропоморфизацијата, симболите и друго. На крајот од оваа интерпретација се заклучува дека поезијата на Петре Бакевски претставува обемен, односно грандиозен литературен потфат и дека со поезијата на Бакевски македонската литература е збогатена со необично, несекојдневно и мошне вредно поетско дело.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 02 Dec 2013 11:00
Last Modified: 02 Dec 2013 11:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8260

Actions (login required)

View Item View Item