Надежност на повеќе – состојбeни двотерминални транспортни системи

Maksimova, Natasha (2009) Надежност на повеќе – состојбeни двотерминални транспортни системи. Masters thesis, Faculty of Natural Science and Mathematics.

[img]
Preview
Text
Magisterska_NatashaMaksimova.pdf

Download (2322Kb) | Preview

Abstract

Во овој магистерски труд се разгледуваат повеќе - состојбени двотерминални транспортни системи. Надежноста на двотерминалните транспортни системи е доста проучуван проблем од бинарна перспектива (т.е., кај бинарните транспортни системи). Меѓутоа во некои системи, како системите за дистрибуција на вода, телекомуникациските системи, системите за снабдување со гас и нафта, системите за генерирање на енергија од водата, бинарниот пристап се покажал како недоволен за добивање на модели на надежност кои ќе го претставуваат вистинското однесување на системот, односно целосно не го карактеризираат актуелното однесување на надежноста на системот. Поради тоа, проблемот може да биде разгледуван или анализиран под претпоставка дека компонентите од транспортните системи (т.е. линковите) може бидат во една од повеќе состојби. Во тој случај и транспортниот систем може да се најде во една од повеќе состојби. Надежноста на транспортниот систем може да се пресмета доколку се познати минималните пат множества или минималните пресек множества. Значи проблемот е да се најдат овие множества, а надежоста ќе се пресмета со помош на формулата за вклучување и исклучување.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Natasa Maksimova
Date Deposited: 29 Nov 2013 14:07
Last Modified: 29 Nov 2013 14:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8236

Actions (login required)

View Item View Item