За одродувањето на сродниците

Mladenoski, Ranko (2008) За одродувањето на сродниците. Современост, 57 (4). pp. 133-136. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 23 noemvri 2013_Lenka Gogoska Povekje od majka recenz_Ranko Mladenoski Za odroduvanjeto na srodnicite.pdf

Download (52Kb) | Preview

Abstract

Овој текст претставува рецензија (осврт) за романот со наслов „Повеќе од мајка“ од авторката Ленка Попоска–Гогоска објавен во 2008 година. Во трудот се елаборираат основните структурни елементи во трите дела на овој роман, а тоа се описите, дејствата, настаните, интегрирањето на ликовите, хронотопијата, стилското изразување, фокализацијата, нараторските позиции и сл. Покрај тоа, во рецензијата се посочува дека станува збор за една приказна раскажана по хронолошки редослед која ги следи сите премрежија низ кои минува семејството на Петар и Илина и на нивните деца и внуци во текот на речиси цело едно столетие, како и тоа дека таа приказна служи како основа врз која натаму се градат книжевно-уметничките пораки, размислите, ставовите и филозофските согледби. На крајот од освртот се заклучува дека Ленка Попоска–Гогоска со овој роман успеала да изгради една лесно приемлива и лесно читлива, едноставна семејна приказна со многубројни пораки, но и поуки.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 29 Nov 2013 14:08
Last Modified: 29 Nov 2013 14:08
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8224

Actions (login required)

View Item View Item