Интерна скрипта по Економика на угостителство и туризам

Petrevska, Biljana (2013) Интерна скрипта по Економика на угостителство и туризам. . (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Интерна скрипта по Економика на угостителство и туризам.pdf

Download (1421Kb) | Preview

Abstract

Оваа интерна скрипта е наменета само за студентите кои го изучуваат предметот Економика на угостителство и туризам на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип. Основна цел е да им помогне во совладување на најважните теми кои ги покриваат економските аспекти на работењето во угостителството и туризмот. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Имајќи предвид дека ова е прво издание кое е наменето единствено за потребите на студентите, не е исклучена можноста да има одредени недостатоци кои ќе бидат надминати во моментот кога ќе биде публикувано првото официјално издание. Оттука, секоја добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство. Интерната скрипта се состои од девет глави кои ги покриваат најзначајните теми кои вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, започнато е со најелементарните поими кои се обработени во првата глава, а се однесуваат на запознавање со поимот, предметот на проучување и методологијата која ја користи Економиката на угостителство и туризам како научна дисциплина. Втората глава ги појаснува угостителството и туризмот како значајни стопански дејности. Најважните видови средства и нивните карактеристики се презентирани во третата глава. Имајќи предвид дека трошоците се еден од најзначаните елементи на економското работење, основните поими за нив се детално разработени во четвртата глава. Петтата глава зборува за цените, додека шестата глава дава практични примери за составување калкулации во угостителството и туризмот. Седмата глава е во целост посветена на основните економски принципи на работењето пришто се разработени практични примери од угостителството и туризмот со цел нивно пресметување. Проблематиката поврзана со туристичкиот пазар е во детали обработена во осмата глава, додека последната, деветта глава е посветена на туристичката политика.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 29 Nov 2013 13:59
Last Modified: 29 Nov 2013 13:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8209

Actions (login required)

View Item View Item