Александар Македонски како интеркултурен код во современиот македонски роман

Mladenoski, Ranko (2013) Александар Македонски како интеркултурен код во современиот македонски роман. Спектар (меѓународно списание за литературна наука), 31 (62). pp. 62-72. ISSN 0352-2423

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 8 noemvri 2013_Spektar tekst Aleksandar_Ranko Mladenoski za Aleksandar vo sovremen mak roman.pdf

Download (159Kb) | Preview

Abstract

Трудот претставува книжевно-теориска и, пред сè, културолошка интерпретација на шест македонски романи од првата деценија на 21 век во кои како книжевен лик фигурира Александар III Македонски. Станува збор, имено, за следните романи: „Александар Македонски“ од Владан Велков, „Македонскиот фараон“ од Трајан Петровски, „Сонот на жолтата пеперуга“ од Аполон Гилевски, „Тајната на бакарната книга“ од Александар Донски, „Фати го ветрот“ од Петре Бакевски и „Враќање во минатото“ од Рената Матеска. Овде ликот на Александар Македонски се анализира од аспект на неговата позиција на интерактивен код на различни културни идентитети. Општиот заклучок е дека во македонската културна средина е присутно прифаќањето на историската личност Александар III Македонски како линк меѓу разни култури, но и како нераскинлив дел од културно-идентитетските пресекувања на античко-македонската и современата македонска култура.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 14 Nov 2013 09:28
Last Modified: 14 Nov 2013 09:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8064

Actions (login required)

View Item View Item