Нега на текстил

Mojsov, Kiro (2013) Нега на текстил. Универзитет „Гоце Делчев"- Штип, Штип. ISBN 978-608-4708-40-7

[img]
Preview
Text
Mojsov Kiro (2013) НЕГА НА ТЕКСТИЛ.pdf

Download (2254Kb) | Preview

Abstract

Облеката и текстилот ги исполнуваат основните функционални и естетски потреби на луѓето. Секојдневната употреба на текстилот во нашите домови е прастара традиција. Тој ни дава топлина, внимателно е изработен во облека што се носи за работа, за спиење, за важни обреди, крштевки, свадби, ги краси нашите ѕидови и перници, ги топли нашите нозе итн. Овој широк спектар на текстилот е одговорност да се грижиме за него. Текстилот е дел од секојдневниот живот и сосема е природно да го чистиме со цел да се задржи неговата состојба. Една од најголемите закани за текстилот е светлината. Најголемата штета доаѓа од ултравиолетовото зрачење од природна дневна светлина и од флуоресцентните светилки. Сепак, додека УВ зраците оштетуваат најбрзо, целиот светлосен спектар предизвикува текстилните бои да исчезнат и влакната да станат кршливи. Високите температури, прекумерната топлина и високата влажност го забрзуваат влошувањето на текстилот и се обезбедува пожелна клима за инсекти и мувли. Загадувањето на воздухот е, исто така, непријател на текстилот. Гасовите од сулфурдиоксидот од автомобилите и од индустријата влијаат врз некои бои. Нечистотиите и прашината најверојатно се најголем проблем на текстилот, бидејќи честичките прашина дејствуваат како мали ножеви, односно тие ги сечат влакната како што текстилот се проширува или се намалува во зависност од промените на релативната влажност. Редовното чистење со правосмукалка брзо ќе ја отстрани целата прашина. Облеката и текстилот се валкаат при нормална употреба. Со соодветна нега и средства за чистење, текстилот ќе го задржи својот изглед без значително менување на неговите функционални и естетски својства. Потрошувачите имаат избор да ја исчистат облеката дома или да го сторат тоа во сервис за професионално чистење. Тоа е од суштинско значење во однос на прашањето кои процеси се достапни за чистење, одржување или обновување на сакани и функционални својства на текстилот. Многу години, секторот за текстилно чистење постојано дискутирале за одржливоста на професионалното чистење на текстилот во споредба со одржливоста на перењето дома. За да се иницира чистење на текстилот мора да се пробијат интеракциските сили на нечистотија ‒ текстил и да ги олабават и транспортираат хетерогените нечистотии подалеку од текстилот. Не е важно дали медиумот е течност, гас или цврст, туку треба да биде во можност да се прочисти и повторно да се употреби за избран медиум. Нечистотиите треба да бидат концентрирани за правилно отстранување. Процесот мора да ја исчисти облеката и да ги задоволи потребите на потрошувачите, но и да е економски и еколошки изводлив. Денес постојат две практични технологии: неводено (суво) и водено (влажно) чистење. 1. Неводено (суво) чистење познато и како хемиско чистење Секогаш ќе има потреба за технологија на суво чистење на текстилот. Тоа е диктирано од својствата на текстилот и од нечистотиите, а како докажан медиум за професионално чистење на текстилот е перхлоретиленот. 2. Водено (влажно) чистење на текстилот Ова е напредна технологија што овозможува водено чистење на многу текстил кој традиционално се чистел во неводен медиум. Од структурата и својствата на влакната, предивото, ткаенината и боите се утврдува кое чистење е најдобро за нив. Професионалните чистачи не може да ги променат текстилните својства, но тие мора да знаат колку што е можно повеќе за нив за да го изберат најдобриот процес на текстилно чистење. Спектарот на текстилни својства диктира која процесна технологија на чистење, неводена или водена, е најдобра за да се одржат саканите текстилни особини.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Chemical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Kiro Mojsov
Date Deposited: 13 Nov 2013 12:06
Last Modified: 13 Nov 2013 12:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8035

Actions (login required)

View Item View Item