Вложување во инфраструктурата и раст на БДП: Метарегресивна анализа

Josheski, Dushko (2009) Вложување во инфраструктурата и раст на БДП: Метарегресивна анализа. Masters thesis, National bank of Republic of Macedonia.

[img]
Preview
Text
VlozuvanjevoinfrastrukturatairastnaBDPMetaregresivnaanaliza Dusko Joseski.pdf - Published Version

Download (1856Kb) | Preview
Official URL: http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Vlozuvanjevoinf...

Abstract

Ефектот на инвестициите во инфраструктурата на растот на Бруто-домашниот производ беше предмет на интерес на економистите и творците на економската политика во последните дваесет години (1989 до 2008). Околу 30 одбрани студии го истражуваат ефектот на инвестициите на инфраструктурата на растот на Бруто-домашниот производ,резултирајќи со 346 пресметани коефициенти. Мета регресивната анализа е искористена да се комбинираат овие различни коефициенти. Во просек, вложувањата во инфраструктурата покажуваат позитивен ефект во растот на БДП. Сепак, овој резултат е условен од големината на објаснувачките варијабили во различни модели кои што се извори на изразита хетерогеност во оваа литература. Главните заклучоци се : а) во оваа литература има докази за тип 1 публикациска грешка (насочна во овој случај позитивна) , б) исто така има докази за Тип 2 публикациска грешка (фаворизирајќи ја статистичката сигнификантност без разлика на насоката) и ц) двата типа на публикациска грешка се комбинирани во отсуство на автентичен емпириски ефект во оваа литература. За практична примена на мета-регресивната анализа ние вршиме проверка на конзистентноста на резултатите во зависност од техниката на естимирањето, спецификацијата на моделот и примерокот.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dusko Josevski
Date Deposited: 13 Nov 2013 12:01
Last Modified: 13 Nov 2013 12:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8033

Actions (login required)

View Item View Item