Образовната политика и осврт кон разликите во образовните постигнувања по етничка основа во Република Македонија

Koceva, Daniela and Petrovski, Vlado (2012) Образовната политика и осврт кон разликите во образовните постигнувања по етничка основа во Република Македонија. Воспитание, списание за образовна теорија и практика,2012/2013, 6 (12). pp. 141-148.

Full text not available from this repository.
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/pedagosk...

Abstract

Република Македонија како мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, преку својата легислатива им обезбедува остварување, како на индивидуалните така и на колективните права на етничките заедници. Во тој корпус на етнички права спаѓа и правото на образование на етничките заедници. Но, и покрај тоа што легислативата нуди нормални предуслови за образование на етничките заедници, во РМ понатаму нема нивна задоволителна вклученост во образовниот систем и онаму каде што се застапени, нивните постигнувања се на многу ниско ниво. Оттука се појави инспирацијата и идејата за изработка на труд, со цел, да се укаже на постојните разлики во образовните постигнувања кај учениците по етничка основа како и комплетно да се посочат факторите кои влијаат врз нивните образовни постигнувања. Една од стратешките определби врзани со развојот на нашата земја е подигнувањето на образовното ниво на населението, особено на децата и младите. Формирањето на една здрава личност која ќе биде способна целосно да се вклопи во општествените односи, а со тоа и да го оствари правото за работа. Еден од главните фактори од кои зависи правилниот развој на поединецот е образовниот систем. Колку степенот на едуцираност на поединецот е поголем, толку е полесно неговото вклoпување во современите текови на општествениот живот и многу полесно наоѓа работа на пазарот на трудот. Едукацијата претставува едно од најмоќните оружја за остварувањата на правата на поединецот, посебно на припадниците на етничките заедници. Колку една личност е поедуцирана, толку зазема повисоки позиции во општествената скала.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Vlado Petrovski
Date Deposited: 29 Oct 2013 15:06
Last Modified: 29 Oct 2013 15:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7848

Actions (login required)

View Item View Item