Мултикултурализам - етнички конфликт како општествен феномен - причини и анатомија на конфликтот

Koceva, Daniela and Petrovski, Vlado (2012) Мултикултурализам - етнички конфликт како општествен феномен - причини и анатомија на конфликтот. Yearbook 2012, Faculty of Educational, 133. pp. 77-84. ISSN 1409-9187

Full text not available from this repository.
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/pedagosk...

Abstract

Многу луѓе се надеваа дека 20 и 21 век ќе се слават како години кога конечно ќе се оствари долгоочекуваниот сон за обединета Европа, но сега се чини дека тие години ќе останат во сеќавање како години на драматична, честопати жестока дезинтеграција и распарчување. Денес низ целиот свет постои вистинска епидемија на вооружени граѓански или интернационални конфликти поттикнати од силни струи на агресивен етнички национализам - често се мисли дека тие се „внатрешни“, но можат брзо да се прошират надвор од границите на националните држави. Меѓународната заедница почна да ја сфаќа потенцијалната сериозност на овие различни конфликти. Конфликтот претставува постојана содржина на општественото и социјалното егзистирање на различни нивоа. Како феномен којшто претставува деструктивно однесување и вклучува насилство, конфликтот се дефинира како „динамичен феномен, манифестен конфликтен процес составен од фази на иницирање, ескалација, контролирано одржување, стивнување и разрешување». Теоретичарите на конфликтот ја истакнуваат важноста и на „хроничниот“ или „конфликтот со длабоки корени“, кој се пренесува од генерација на генерација, бидејќи продира во психолошките потреби за свој личен идентитет и сигурност, за групно припаѓање и за (само)почитување. Светските научни кругови се преокупирани со обидите да го објаснат феноменот на етничките конфликти и новите форми на меѓуетничките односи, кои станаа потенцијална опасност за демократиите и светскиот мир. Обединетите нации (UNCHR, 2002) сметаат дека „етничките» конфликти се доминантна форма на антагонизми, спротивности и немири во 20 век.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Vlado Petrovski
Date Deposited: 29 Oct 2013 14:56
Last Modified: 29 Oct 2013 14:56
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7845

Actions (login required)

View Item View Item