Практикум - Трудово право

Majhosev, Andon (2010) Практикум - Трудово право. . (Unpublished)

[img] Text
TP-PRAKTIKUM.doc

Download (735Kb)

Abstract

Излегувањето на овој Практикум е со намера да им помогне на студентите од Втора година на Правниот факултет полесно да го совладаат наставното градиво по предметот Трудово право. Покрај теоерскиот приод, Практикумот има и практично значење, бидејќи дава акцент и на практичните аспекти на повеќе прашања кои се поврзани со Трудовото право, функционирањето и примената на трудовото законодавство и заштитата на правата на вработените од работен однос. Изборот на темите се темели на потреба на студентите од сознанија кои се непосредно поврзани со практиката и примената на трудовата легислатива кај нас. Во Практикумот се поместени повеќе прашања како што се: правата и обврските на вработените од работен однос, договор за вработување, видови на договори за вработување, содржина на договорот за вработување, обврски на работникот и работодавачот, заштитата на правата од работен однос, структура на платата, видови и висина на надоместоците, откажување на договорот за вработување, колективните договори и нивната структура, постапката за утврдување на репрезентативност на синдикатот, односно здруженијата на работодавачи, безбедноста и здравјето на работниците при работа, организирање на штрајк како и други прашања. Во Практикумот, меѓудругото се поместени и шематски прикази за: постапката за организирање на штрајк, постапката за утврдување на репрезентативност на синдикатите и здруженијата на работодавачи, организационата поставеност на репрезентативен синдикат на ниво на Република Македонија, односно на ниво на дејност, Решенија на МТСП за утврдување на репрезентативност на синдикати и здруженија на работодавачи, организациона поставеност на здруженијата на работодавачи, Статути на репрезентативни синдикати и здруженија на работодавачи за територијата на Република Македонија и др. Асс. М-р. Андон Мајхошев

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marina Ivanova
Date Deposited: 29 Oct 2013 09:39
Last Modified: 08 Apr 2015 11:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7826

Actions (login required)

View Item View Item