Субсегментен белодробен емболизам: третман да или не?

Velkoska Nakova, Valentina and Debreslioska, Angela and Kamceva, Gordana (2012) Субсегментен белодробен емболизам: третман да или не? Книга на астракти од 5-ти Конгрес на македонското респираторно здружение со меѓународно учество во организација на ЈЗУ-Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, Скопје, Македонија. p. 68.

[img]
Preview
Text
Abstract book.pdf

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Главниот предизвик во дијагностицирање на белодробна емболија, при сомневање за ис- тата, е разграничување на пациентите кои ја имаат болеста и имаат потреба од антикоа- гулантна терапија од оние кои ја немаат. Про- спективна кохортна студија со 3306 пациенти спроведена во Норвешка користејќи го Wells скорот, Д-димери и компјутеризирана томогра- фија со беледробна ангиографија (КТБА) при- кажува поголема смртност кај третираните пациенти отколку кај нетретираните (0,3% на- спроти 1,6%) во период на следење од 3 месе- ци. Денес, воведувањето на КТБА доведе до зголемување на инциденцијата на дијагноза на белодробна емболија. Но стапката на мор- талитет во светски размери останува иста или дури пониска. КТБА веројатно ја зголемува де- текцијата на субсегментални дефекти на пол- нење кои може да укажуваат на субсегментна белодробна емболија, но и на артефакти. Субсегментната белодробна емболија е чест наод на белодробна ангиографија кај пациен- ти со ниска веројатност на вентилација/перфу- зија скен. Повеќе пропспективни студии при- кажуваат дека пациентите со ниска веројат- ност на вентилација/перфузија скен немаат потреба од антикоагуланта терапија. Слично, студии прикажуваат дека кај пациентите со субсегментна белодробна емболија кои при- мале антикоагуланта терапија ризикот од тромбемболизам во следните 3 месеци не се намалил. Веројатно субсегментниот белодро- бен емболизам има подобра прогноза и овие пациенти немаат бенефит од антикоагулант- ната терапија, а сепак е зголемен ризикот од крвавења. Можеби субсегментиот белодробен емболизам треба само да се опсервира, без ординирање на антикоагулантна терапија. Во секој случај, овој заклучок треба да се потврди во идни проспективни студии.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Valentina Velkovska
Date Deposited: 29 Oct 2013 09:54
Last Modified: 27 Oct 2014 13:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7825

Actions (login required)

View Item View Item