Esthetic restoration without preparation

Zarkova, Julija and Kovacevska, Ivona and Popovska, Lidija and Papakoca, Kiro and Zlatanovska, Katerina (2012) Esthetic restoration without preparation. In: Научно - стручен собир Факултет за медицински науки, 21 Dec 2012, Штип.

This is the latest version of this item.

[img]
Preview
Text
36x48_vertical_template.pdf

Download (5Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
naucno stucen sobir.pdf

Download (959Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
ЕСТЕТСКА РЕСТАВРАЦИЈА БЕЗ ПРЕПАРАЦИЈА приказ на случај.pdf

Download (334Kb) | Preview

Abstract

Вовед: Естетските реставрациии кои максимално ги имитираат природните заби по боја, форма и функција преставуваат предизвик за секој стоматолог и желба на секој пациент. Современите композитните материјали овозможуваат тоа да сe постигнеме без или со минимална препарација. Цел: Целта на овој труд е приказ на наш случај каде изработивме индиректен композитен ламинат без препарација во функција на корекција на естетскиот момент. Материјал и метод: 21 годишна пациентка се јави кај нас со барање да преземеме нешто за да се подобри изгледот на нeјзината насмевка. Клиничкото иследување покажа нарушување на естетиката кое се должеше главно на неправилниот облик на максиларниот лев латерален инцизив и депресијата на лакот во тој сегмент. Возраста на пациентката беше причината заради која не сакавме да одземаме од здравото забно ткиво, а присуството на доволно простор беше клучен фактор во одлуката за избор на метод на изработка на ламинат преку интактна забна површина со кој ќе ја промениме формата и големината на латералниот инцизив. После земањето на отпечатокот од забите и нивните антагонисти, направивме работни модели. Врз моделот во заботехничка лабoраторија изработивме ламинат од термо-светлосно полимеризирачки микрополнет композит (SR Adoro® Ivoclar Vivadent). По завршената проба ги изолиравме останатите заби и го цементиравме атхезивено со композитен светлосно врзувачки цемент Variolink Veneer ® . Контролниот преглед реализиран по 6 месеци не покажа никакви промени во бојата и формата, структурата на реставрацијата, ниту пак нотиравме пропусти во маргиналната адаптација. Заклучок: Индиректниот начин на изработка на ламинати преку интакните забни површини без препарација е неинвазивна клиничка метода при што се постигнуват високо задоволувачки естетски резултати. Карактеристиките на материјалот, како што е лесната обработка, полирање до висок сјај, стабилност на бојата, висока транслуценција и природна опалесценција, трошење приближно еднакво како на природниот емајл и можноста за репарирање го прават овој композит високо индициран за изработка на овој вид ламинати.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 07 Jul 2014 12:19
Last Modified: 06 Aug 2015 10:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7823

Available Versions of this Item

  • Esthetic restoration without preparation. (deposited 07 Jul 2014 12:19) [Currently Displayed]

Actions (login required)

View Item View Item