Економско планирање на развојот на туризмот во Македонија

Petrevska, Biljana (2010) Економско планирање на развојот на туризмот во Македонија. PhD thesis, Ss. Cyril and Methodius - Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Ekonomsko planiranje na razvojot na turizmot vo Makedonija, doktorska disertacija.pdf

Download (375Kb) | Preview

Abstract

Во докторскиот труд направен е обид за дефинирање на нужните претпоставки и елементи кои е потребно да бидат инкорпорирани во економското планирање на развојот на турзмот, со цел да се укаже на глобалните насоки во кои треба да се движи развојот на туризмот во Македонија во идниот период. Во тој контекст, најнапред е разгледана улогата на државата во поттикнувањето на туристичкиот развој, а потенцирана е и нужноста од примена на интегриран пристап во економското планирање, преку обезбедување рамнотежа помеѓу јавниот и приватниот сектор. Во продолжение, анализирана е туристичката понуда на Македонија преку постоечките сместувачки капацитети и извршена е проекција на идните потреби за сместување. Туристичката побарувачка во Македонија е анализирана преку нејзиниот обем и структура, а воедно се применети дел од квантитативните и квалитативните методи за нејзино предвидување до 2014 година. По споредувањето на добиените резултати од употребените модели, како најпрецизен е предложен моделот на анализа на трендот, поточно моделот на квадратен тренд. Истовремено, значењето на туризмот во економската активност на Македонија е согледано преку неговиот придонес во вкупната економска активност на земјата, влијанието кое го има врз вработеноста, како и ефектите кои ги предизвикува врз платниот биланс. Најпосле, врз основа на добиените теоретско-методолошки сознанија, трудот е заокружен со презентирање предлог модел за изработка на туристички развоен план на Македонија, со наведување на конкретната содржина која би требало да ја има.

Item Type: Thesis (PhD)
Uncontrolled Keywords: Tуризам; Eкономско планирање; Tуристичка побарувачка; Предвидување; Туристички развоен план.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 28 Oct 2013 11:06
Last Modified: 28 Oct 2013 11:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7802

Actions (login required)

View Item View Item