Состојбата на тетанусот во Република Македонија во периодот 1945 – 2010

Sumanov, Gorgi and Velickova, Nevenka (2013) Состојбата на тетанусот во Република Македонија во периодот 1945 – 2010. In: IV Македонски конгрес за историја на медицина со меѓународно учество, 18-19 Apr 2013, Скопје.

[img]
Preview
Text
Sostojba na tetanus vo R.Makedonija.pdf

Download (4Mb) | Preview
[img] Text
Програма за IV македонски конгрес (2).doc

Download (218Kb)

Abstract

Цел: согледување на епидемиолошките карактеристики на тетанусот во Република Македонија во периодот 1945-2010 година. Материјал и методи: За проучувањето на на тетанусот во Република Македонија, во периодот 1945-2010 година е применет дескриптивниот епидемиолошки метод, со статистичка обработка и анализа на податоците. Оваа студија се темели на годишните извештаи за движењето на заразните болести, на Републичкиот завод за здравствена заштита и годишните извештаи на Институтот за превентивна медицина на Воената болница. Резултати и дискусија: Во периодот 1945-2010 година во Република Македонија вкупно се регистрирани 1217 заболени од тетанус, од кои 521 се со смртен исход. Просечниот морбидитет за овој период е 1,4%ооо, морталитетот 0,67%ооо, а леталитетот изнесува 42,8%. Во анализираните петгодишни периоди (1945-1990 година), Просечниот морбидитет на тетанусот во Република Македонија е понизок од истиот морбидит во СФР Југославија, освен во периодот 1966-1970 година. Во периодот 1945-1950 овој однос е најизразен, за два пати е понизок морбидитетот во Република Македонија. Во периодот 1991-2000 година Просечниот морбидитет на тетанусот во Република Македонија, за пет пати е понизок од морбидитетот во СР Словенија (0.07:0.34 на 100 000 население) и е на ниво на европскиот просек. Заклучок: Тетанусот е постојано актуелно заболување. Денес тетанусот не претставува епидемиолошки проблем за Република Македонија, но имунопрофилаксата останува актуелна и треба да се одржува и унапредува. Клучни зборови: тетанус, морбидит, морталитет,

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 25 Oct 2013 12:32
Last Modified: 27 Nov 2014 11:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7782

Actions (login required)

View Item View Item