Платон vs. Аристотел

Stojanov, Trajce (2009) Платон vs. Аристотел. СУМ: Списание за уметност (45). pp. 109-113. ISSN 1409-6455

[img]
Preview
Text
Платон vs. Аристотел.pdf

Download (273Kb) | Preview

Abstract

Современиот човек, сиот втурнат во емипириското и фактографското, не може да проникне во подлабоките, скриени основи на духовниот менталитет на едно општество. На денешниот човек сосема легитимно му изгледа да се запраша: дали е можно културата да биде религиозно и философски детерминирана? Тој попрво би се согласил да ги признае нејзините матреријални основи и да ја третира културата како надградба - според познатата Марксова поделба на материјална база и идејна надградба – отколку да признае дека духот на современието во своите основи има религиозни димензии. Но една подлабока анализа ќе ни покаже дека културните идентитети и духовноста воопшто, се фундирани во многу подлабоки онтолошки длабочини отколку што на прв поглед се чини. Есејов има за цел да ги покаже тие онтолошки нивоа на кои лежи духовноста во културата, и тоа низ следниов методолошки пристап: да ги осветли историските религиозни и философски идеи од антиката до денес, да ги компарира Источниот и Западниот културен менталитет за да ги посочи специфичните философско - религиозни обележја кои ги оформиле културните идентитети. Притоа поимот „култура“ ќе биде сфатен во најшироко значење во кој влегуваат сите човекови творби од материјала и духовна природа како и специфичната духовност и идеологија во дадените општества, а дистинкцијата, пак меѓу Истокот и Западот се однесува на Западно – европските(католички и протестантски) и источно – европските(православни) земји.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 22 Oct 2013 08:26
Last Modified: 06 Aug 2015 12:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7724

Actions (login required)

View Item View Item