Мултимедија, хипермедија, мобилни уреди, маркетингот

Hristov, Risto and Gjorgjev, Jelena and Gelev, Saso and Milosavljev-Apostolovski, Martin (2012) Мултимедија, хипермедија, мобилни уреди, маркетингот. In: Меѓународна научна конференција на тема „Улогата на медиумите во промоцијата на производите и услугите, Eвропски универзитет, 14-15 June 2012, Скопје, Република Македонија.

[img]
Preview
Text
МУЛТИМЕДИЈА ХИПЕРМЕДИЈА МОБИЛНИ УРЕДИ МАРКЕТИНГОТ-Ристо Христов и др..pdf

Download (674Kb) | Preview

Abstract

– Капацитетот на памтење на податоци, покрај индивидуелната способност, во голема мерка зависи и од начинот како му се презентирани. Имено, према некои истражувања утврдено е дека човекот е во состојба да запамти околу 20 % ако само ги чуе, 40 % ако ги чуе и види и дури 75 % ако ги види, чуе и активно користи. Ако на тоа се додаде и фактот дека податокот, презентиран во комбинација од текст, слики, цртежи, фотографии, збогатен со анимирани и звучни ефекти, веднаш го привлекува и подолго време вниманието на просечниот граѓанин, се наметнува идеа дека идеално средство за презентирање на информациите е мултимедијата збогатена со хипермедија. Мултимедијата претставува било која комбинација на два или повеќе медиуми, претставени во дигитална форма, доволно интегрирани за да можат да бидат прикажани преку единствен интерфејс или за да можат да се обработуваат со помош на еден програм. При тоа се претпоставува дека барем еден од медиумите како што се звукот и видео записот, се временски дефинирани. Најновите информатичко-комуникациски технологии овозможуваат користење, креирање или пренесување на информации преку компактен дигитален пренослив уред. Тој уред поединецот го носи секогаш со себе, има доверлива поврзаност на некоја мрежа и го собира во ташна или џеп. Такви уреди се PDA, мобилни телефони, паметни мобилни телефони, преносни компјутери и таблет PC. Мобилните уреди овозможуваат креирање дигитални податоци и нивно запишување независно каде се наоѓа медиумот за складирање, односно независно од платформата на која функционира. Преку мобилните уреди можеме од било каде (дома, на работа, на плажа...) да пристапиме, до потребните информации во дигитален формат (документи, книги, слики, видеа...) и да ги трансформираме, обработиме, користиме и дистрибуираме према нашите желби и потреби. Комбинацијата од мултимедија, хипермедија и преносните комуникациски уреди преставува благодарно опкружување за поддршка на електронскиот маркетинг. Во таа насока овој труд се обидува да поттикне примена на специфичните електронски уреди: мултимедиски банери, визиткарти и киосци, како една многу модерна и ефикасна форма за презентација на нашите производи и услуги, односно за пружење на различен вид на информации наменети за поширокиот слој на сегашни, особено идни потенцијални купувачи. Клучни зборови – мултимедија, хипермедија, мобилни уреди, маркетинг, мобилен маркетинг

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 23 Sep 2013 08:57
Last Modified: 23 Sep 2013 08:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7517

Actions (login required)

View Item View Item