Термохемиски процеси за енегретско искористување на отпад

Golomeova, Sanja and Srebrenkoska, Vineta and Golomeova, Saska and Zezova, Silvana (2013) Термохемиски процеси за енегретско искористување на отпад. In: Енергетска ефикасност и одржлив развој, 16-18 May 2013, Скопје.

[img]
Preview
Text
Термохемиски процеси за енегретско искористување на отпад.pdf

Download (731Kb) | Preview

Abstract

Одржливите начини на управување со отпад придонесуваат кон намалено создавање на отпад, намалено трошење на природните ресурси (материјални и енергетски), како и обезбедување на кружно движење на материјата и енергијата во природата. Одржливото управување со отпадот вклучува методи кои спаѓаат во категоријата на „oбновливи“, а тоа се: рециклирање, компостирање, термохемиските и биохемиските методи за енергетско искористување на отпадот. Енергијата добиена со третирање на цврстиот отпад придонесува за помало користење на фосилни горива, намалување на потребната површина за депонирање на отпадот и се редуцира загадувањето на животната средина. Во трудот се презентирани процесите: гасификација, пиролиза и инсинерација како методи на термичко конвертирање на содржината на цврстиот отпад во гас, течни и цврсти производи со истовремено или последователно ослободување на топлинска енергија. Инсинерација претставува процес на комплетно контролирано согорување на цврстиот отпад. Пиролиза, претставува постапка на термичка декомпозиција, при која материјалот се загрева со надворешен извор на топлина без присуство на воздух, а како резултат се добива мешавина на цврсто, течно и гасовито гориво. Гасификација е постапка на термичка декомпозиција кој се одвива при недоволно присуство на кислород. Материјалот се конвертира во гас кој воглавно се состои од јаглеродмоноксид, водород и метан. Термохемиските процеси за енергетско искористување на цврстиот отпад се погодни за третман на отпадот кој содржи висок удел на материи кои не се биоразградливи, а содржината на влага е релативно ниска. Клучни зборови: термохемиска конверзија, пиролиза, гасификација, инсинерација.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Saska Golomeova
Date Deposited: 17 Sep 2013 14:04
Last Modified: 10 Aug 2015 07:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7443

Actions (login required)

View Item View Item