Перспективи за пречистување и повторна употреба на комуналната отпадна вода од општина Карбинци

Mitev, Trajce (2006) Перспективи за пречистување и повторна употреба на комуналната отпадна вода од општина Карбинци. Енергетика (54). pp. 73-77.

[img]
Preview
Text
8_Energetika_Skopje.pdf

Download (8Mb) | Preview

Abstract

Во рамки на приложениот труд е прикажана актуелната состојба во полето на пречистување на отпадната комунална вода во Р. Македонија. Презентирани се постојните и можните идни законски регулативи во истата област. Врз основа на анализиран случај од избрана општина во Р. Македонија е изработен идеен предлог проект за поставување на пречистителна станица за комунална отпадна вода. Пречистителната станица е замислена по европски терк и ги задоволува сите критериуми и стандарди на Европската Унија, а машините за нејзина изградба се од случајно избраната германска фирма за производсто на машини и инсталации за пречистителни станици, Hans Huber AG, која во моментот е една од водечките фирми во Европа во ова област. Пречистената вода ќе може да се употребува за наводнување на земјоделски површини, бидејќи по предвидените механичко, биолошко и мембранско пречистување ќе ги исполнува и задоволува сите европските норми за таа цел. Македонија е земја која стои пред вратата на Европската Унија, затоа во иднина ќе мора да ги исполни нејзините барања, а секако овде спаѓа и заштитата на животната средина. Тоа најдобро може да го направи со помош и соработка со високо развиените земји-мустри во Европската Унија.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Trajce Mitev
Date Deposited: 18 Sep 2013 07:39
Last Modified: 18 Sep 2013 07:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7439

Actions (login required)

View Item View Item