Процесот на економска глобализацијата пред и по глобалната криза

Sajnoski, Krste and Paceskoski, Vlatko (2013) Процесот на економска глобализацијата пред и по глобалната криза. Промените во глобалното општество, Трета меѓународна научна конференција. ISSN 978-608-4574-58-3

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_vlatko.paceskoski_Desktop_ПРОЦЕСОТ НА ЕКОНОМСКА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ПРЕД И ПО ГЛОБАЛНАТА КРИЗА.pdf

Download (263Kb) | Preview

Abstract

Развојот на процесот на економска глобализација зависи од условите во кои се одвива, при што од клучно значење, покрај слободата на движење на стоките и услутите, на капиталот и работната сила, се и монетарните услови. Од нив, во суштина, зависи дали процесот на глобализација ќе се развива во согласност со потенцијалот на објективните сили кои го генерираат. Факт е дека производните сили и односи делуваат постојано, меѓутоа, резултатите не се секогаш соодветни на нивниот потенцијал. Оптимални резултати можат да се очекуваат само во услови на непречено дејствување на пазарните законитости во одделните национални економии и во односите меѓу нив, а тоа е можно само доколку постои консеквентен меѓународен монетарен поредок, со глобална валута во неговото средиште. Резултатите се субоптимализираат со функционирањето на национални валути во улога на светска мерка на вредноста, особено со преминувањето на флуктуирачки курсеви во интервалутните односи во светот и нивната нестабилност. Ваквата логика на размислување ја потврдува развојот на светското стопанство во изминатите два века. Интегрираноста на националните економии во глобална достигна највисок степен во периодот на системот на златно важење. За тој период се зборува како за време на прва глобализација, како интегрирање врз рационална меѓународна поделба на трудот. Неа не ја донесе политиката, туку потребата за развој на националните економии, користејќи ги и странските пазари како услов за подинамичен развој.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Vlatko Paceskoski
Date Deposited: 17 Sep 2013 11:38
Last Modified: 17 Sep 2013 11:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7434

Actions (login required)

View Item View Item