Влијанието на финансиската глобализација врз економскиот раст

Madzova, Violeta and Davcev, Ljupco (2013) Влијанието на финансиската глобализација врз економскиот раст. In: Меѓународен дијалог Исток -Запад, 20-21 Apr 2013, Свети Николе, Македонија.

[img]
Preview
Text
ВЛИЈАНИЕТО НА ФИНАНСИСКАТА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ .pdf

Download (310Kb) | Preview

Abstract

Финансиската глобализација во својата суштина се однесува на интегрирање на финансиските пазари во еден глобален финансиски пазар, што подразбира слободно движење на паричните текови и слободен пристап до финансиски средства без одредени национални граници и институционални ограничувања . Во економската теорија и пракса присутни се бројни дебати и тврдења за влијанието на финансиската глобализација врз економските перформанси на една земја , вклучувајќи го и долгорочниот економски раст и неговата динамика , која особено е присутна во време на нестабилност или економска и финансиска криза. При оценка на придобивките и ризиците од финасиската глобализација , упатно е да се идентификуваат следните нејзини појавни форми : 1. Глобализација на јавниот сектор по пат на задолжување на националните економии , што може да јави во две форми: задолжување во странска валута ( дали под странски или домашен закон) и издавање на долговни хартии од вредност во локална валута која странските инвеститори можат да ги купат на домашниот пазар на издавачот. 2.Глобализација на корпоративниот сектор по пат на директни странски инвестиции, како и прекугранично задолжување и продажба на хартии од вредност на пазарите на другите земји. 3. Интеграцијата на банкарскиот сектор по пат на глобалниот меѓубанкарски пазар на кој тие можат да вршат кредитни работи или да позајмуваат. Во таа смисла , финасиската глобализација има директни придобивки во следниве сфери: • Унапредување и развој на финансискиот сектор. Добро развиените национални финансиски пазари како резултат на финансиската глобализација , можат да претставуваат успешен иструмент на посредување и соодветно алоцирање на финансиските текови во форма на кредити или странски директни инвестиции , а со тоа и во унапредување на економскиот раст.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Violeta Madzova
Date Deposited: 12 Sep 2013 12:21
Last Modified: 12 Sep 2013 12:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7186

Actions (login required)

View Item View Item