Современите финансиски кризи во ерата на глобализацијата

Georgieva Svrtinov, Vesna and Temjanovski, Riste (2013) Современите финансиски кризи во ерата на глобализацијата. Промените во глобалното општество, Трета меѓународна научна конференција. ISSN 978-608-4574-58-3

[img] Text
Современите финансиски кризи во ерата на глобализацијата.docx

Download (36Kb)

Abstract

Апстракт Глобализацијата на светската економија, која пред се е поттикната од технолошкиот динамизам, претставува патоказ за целосното отворање на светот кон новите карактеристики на информациското општество. Глобализацијата претставува позитивно движење, кое, генерално, ја намалува сиромаштијата, бидејќи поинтегрираните економии имаат поголема тенденција за побрз раст.Сепак, според најновата генерација модели на финансиски кризи, се смета дека финансиската глобализација може да биде извор на сите проблеми. Зачестените финансиски кризи во последниве две децении, во значителна мера го сменија ставот на академските економисти за финансиската глобализација. Пред азиската криза, меѓу водечките економисти започна да се назира консензус, дека земјите во развој треба широко да ја прифатат либерализацијата на капиталните текови. Но, после азискиот дебакл од 1997-1998 година, критичарите на финансиската глобализација станаа побројни и погласни, укажувајќи на тоа дека нејзините придобивки се недокументирани и “недофатливи”, а ризиците големи и реални. Во овој труд се анализираат современите финансиски кризи во ерата на глобализацијата. Преку анализа на одделни финансиски кризи се доаѓа до заклучок дека сите кризи, до последната финансиска криза, беа ограничени на одделни региони. Но, како резултат на финансиската глобализација, која во последниве години особено зеде замав, последната криза беше криза на глобализација и го зафати речиси целиот свет. Клучни зборови: глобализација, финансиски кризи, либерализација, капитални текови, земји во развој

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Vesna Georgieva Svrtinov
Date Deposited: 04 Sep 2013 08:34
Last Modified: 04 Sep 2013 08:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7123

Actions (login required)

View Item View Item