Епидемиолошки карактеристики на бруцелозата во Штип во периодот од 1987 до 2011 година

Sumanov, Gorgi and Zdravkovska, Milka and Grkov, V (2012) Епидемиолошки карактеристики на бруцелозата во Штип во периодот од 1987 до 2011 година. In: III Конгрес на лекарите по општа медицина на Р. Македонија со меѓународно учество, 26-29 Apr 2012, Ohrid.

[img] Text
2.ЕПИДЕМИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА БРУЦЕЛОЗАТА ВО ШТИП ВО ПЕРИОДОТ ОД 1987 ДО 2011 ГОДИНА.docx

Download (14Kb)
[img] Slideshow
28.04.bruceloza.ppt - Presentation

Download (1012Kb)

Abstract

Цел:. Да се анализират и прикажат епидемиолошките карактеристики на хуманата бруцелоза во Штип и околните села во периодот 1987–2011. Материјал и методи: Ретроспективна студија направена врз основа на епидемиолошки извештаи и официјални податоци за болните од бруцелоза, од Центарот за јавно здравје во Штип и Институтот за јавно здравје во Скопје. Резултати и дискусија: Од 1987 година до декември 2011 година регистрирани се вкупно 535 болни од бруцелоза со вкупен морбидитет од 1119,3/100.000 и со просечна годишна стапка на инциденцата од 43,9/100.000. Во овој период најголем број на заболени од бруцелоза е забележан во 2007 година (56 болни), додека најмал број на заболени е забележан во 1991 (3 болни, во 1990 година не се регистрирани болни од бруцелоза). Од вкупниот број на пријавени случаи во периодот 1987–2011, 24% се од градот Штип, додека 76% од околните села. Според родовата застапеност 65% се лица од машки пол и 35% се лица од женски пол. Само 7,4% од болните се на возраст под 7 години, додека најголемиот број од болните се на возраст меѓу 26 и 55 години (50%). Сезонската дистрибуција на заболените покажува дека интензитетот на болеста е најизразен во месеците мај (16,9%) и јуни (14,3%), што се совпаѓа со другите подрачја на Р. Македонија во кои бруцелозата е присутна. Заклучок: Бруцелозата останува значаен и упорен социјално-економски и здравствен проблем во Р.Македонија. За поитензивна елиминација и ерадикација на оваа болест од нашата земја, неопходен е синхронизиран и релевантен, интерсекторски пристап, кој ќе функционира во континуитет без поголеми осцилации.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gorgi Sumanov
Date Deposited: 04 Sep 2013 08:28
Last Modified: 24 Feb 2014 09:25
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7120

Actions (login required)

View Item View Item