Хардверски потпомогната виртуелизација на компјутерски системи

Skrbina, Nebojsa and Gelev, Saso (2009) Хардверски потпомогната виртуелизација на компјутерски системи. In: Прва конференција за информатички технологии за млади истражувачи CITYR.

[img]
Preview
Text
CITYR09 Zbornik_na_trudovi-Хардверски потпомогната виртуелизација на компјутерски системи.pdf

Download (460Kb) | Preview

Abstract

Виртуелизација е софтверска техника со која се емулира работењето на целиот компјутер. Со неа се овозможува на еден физички компјутер да бидат инсталирани неколку виртуелни компјутери со инсталирани оперативи системи и соодветни апликации. При тоа, инсталираните виртуелни компјутери можат да не се гледаат меѓу себе, а оперативниот систем кој е инсталиран и се извршува во оквир на едниот виртуелен компјутер е убеден дека само тој има севкупна контрола над компјутерот. Инсталациите на виртуелните компјутери се изведуваат во датотеки на дискот, па нема потреба за посебни партиции. Во зависност од потребите и од моќноста на физичкиот компјутер, можеме да имаме инсталирано неколку виртуелни компјутери истовремено. Се разбира дека ресурсите на физичкиот компјутер ќе бидат делени помеѓу сите виртуелни компјутери и поради тоа виртуелните компјутери ќе бидат значително побавни во својата работа.Виртуелните компјутери овозможуваат да се инсталираат најразлични програми, без грижа дека би можело нешто несакано да се случи со основниот оперативен систем. Тука е и можноста за креирање на виртуелна мрежа за испитување на мрежниот софтвер како и многу други можности. Освен на персоналните компјутери, виртуелизацијата се изведува и на серверите, но на малку поинаков начин. Серверскиот хардвер најчесто има вградена поддршка за хардверска виртуелизација, со што целата виртуелизација се одвива многу побргу отколку на персоналните компјутери. Хардверски потпомогнатата виртуелизација не е нова идеја, но со нејзиниот развој, започнува целата популаризација на виртуелизацијата како начин на работа на скоро сите понови сервери.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 12 Sep 2013 12:45
Last Modified: 12 Sep 2013 12:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7112

Actions (login required)

View Item View Item