Имплементација на рутирачкиот протокол ospf за ipv6

Sapundziev, Ljupce and Gelev, Saso (2010) Имплементација на рутирачкиот протокол ospf за ipv6. In: Втора конференција за информатички технологии за млади истражувачи CITYR10.

[img]
Preview
Text
CITYR10 - Имплементација на рутирачкиот протокол OSPF за IPv6 - Љупче Сапунџиев.pdf

Download (539Kb) | Preview

Abstract

Брзиот раст на интернетот во светот доведува до побрз проток на информации насекаде низ светот. Но интернетoт се соочува и со голем предизвик. Имено, IP адресите од постарата верзија на IP адреси (IPv4) се веќе потрошени, а веќе подолг период се работи на новата верзија (IPv6). Целта на новата верзија е да се обезбеди иднина нa интернетот, односно тој да може непрекинато да продолжи да расте и се развива. Ова прилагодување е нешто што ќе влијае на секој кој го користи и се потпира на интернетот. Верзиите IPv4 и IPv6 не комуницираат директно едни со други. Ова значи дека ако својата содржина и услуги се достапни само преку IPv4, потенцијален клиент користејќи IPv6 не ќе може да се пристапи до вашиот вебсајт. За надминување на овој проблем, сите организации и во јавниот и приватниот сектор треба да ги имплементираат IPv6 адресите и да ги стартуваат напоредно со IPv4 (познато како dual stacking). Во овој труд ќе го разгледаме имплементирањето на OSPF (Open Shortest Path First) за IPv6 и низ примери ќе видиме како овој алгоритам ни обезбедува подршка за IPv6 рутирачките префикси. Во едно тука се и концептите и задачите кои мораме да ги имплементираме за да може рутирачкиот протокол да функционира на новата платформа на адреси. Секако, неминовно е да се направи и споредба со претходната шема на адресирање и како истиот концепт функционира со IPv4. Поводот за оваа задача прозилегува од предизвикот со кој треба да се справиме за реализација, а воедно и имплементација на новите рутирачки протоколи, кои претставуваат основа во напредните компјутерски мрежи одновата генерација.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 13 Sep 2013 10:50
Last Modified: 13 Sep 2013 10:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7102

Actions (login required)

View Item View Item