Преглед и анализа на безжични сензорски мрежи со посебен осврт на перформансите на zigbee протоколот

Mihajlov, Boris and Bogdanoski, Mitko and Gelev, Saso (2011) Преглед и анализа на безжични сензорски мрежи со посебен осврт на перформансите на zigbee протоколот. In: Трета конференција за информатички технологии за млади истражувачи.

[img]
Preview
Text
CITYUR 2011-Преглед и анализа на безжични сензорски мрежи со посебен осврт на перформансите на ZigBee протоколот.pdf

Download (758Kb) | Preview

Abstract

Безжичните сензорски мрежи (Wireless Sensor Networks-WSN) се состојат од мали јазли со способност за набљудување, пресметување и безжични комуникации. Дизајнот на безжичните сензорски мрежи зависи од многу фактори, меѓу кои и грешки при преносот, мрежна топологија и потрошувачка на енергија. Флексибилноста, високата осетливост, ниската цена и брзо- распоредувачките карактеристики на сензорските мрежи создаваат многу нови и постоечки применети области. Во иднина, овој широк спектар на применети области ќе направи сензорските мрежи да бидат составен дел од нашите животи. Во овој труд ќе дадеме детален преглед на IEEE 802.15.4/ZigBee стандардот, кој дозволува едноставна интеракција помеѓу сензорите. Ќе биде опишан начинот по кој се одвива интеракцијата помеѓу слоевите и нивните улоги во самиот процес на пренос на податоците. Исто така, ќе предложиме симулациски модел направен во симулациската алатка - OPNET Modeler, со фокус на имплементацијата на GTS Guaranteed Time Slot) механизамот во самиот протокол. Симулциската анализа ќе обезбеди резултати за пропустливоста на јазлите, временското задоцнување во рамката, како и сигурноста на пренесените податоци.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 12 Sep 2013 12:50
Last Modified: 27 Sep 2013 09:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7087

Actions (login required)

View Item View Item