Спорт и право

Nanev, Lazar and Atanasovski, Ivan (2011) Спорт и право. Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје, Факултет за физичка култура, Скопје. ISBN 978-9989-2850-3-5

[img]
Preview
Text
Книга Спорт и право.pdf

Download (518Kb) | Preview

Abstract

Спортско право е една од поновите гранки на правниот систем како кај нас така и во светот. Таа се заснива на предметна систематика и како таква, има разнолични обележја. Таа опфаќа темелни начела и конкретни нормативни решенија кои до неодамна и припаѓале на сферата на уставното, граѓанското, кривичното, управното и другите класични гранки на правото. Обединување на наведените сегменти во засебна систематска целина пред се е мотивирано од практичните проблеми. Спортот во современото општество стана високопрофитабилна деловна активност. Покрај тоа, се отвараат многу отворени прашања кои навлегуваат во доменот на уставно право, се појавува потреба за нови врсти на облигациони и деловни договри особено во спортот, со специфично регулирање на кривичната одговорност и сл. Покрај тоа спортските активности често се одвиваат надвор од државните граници, при што доаѓа до израз и нивната меѓународна димензија. Сето тоа влијаше да на национално, но во послено време и на меѓународно (наднационално) ниво, нагло се развиваат посебни правни акти од кои се оформи специфична правна пракса. Правна наука во овој момент заостанува од практичните потреби. Евидентно е дека недостасуваат сериозни анализи на многуте правни принципи, институти и конкретни нормативни решенија кои настанаа низ активностите на законодавните органи, судови и разни спортски организации. Тој проблем е од општ карактер. Тој е присатен во многу земји, вклучувајќи ги оние со најразвиениот правен систем. Оттаму, постои потреба да низ различни научни проекти и различни студии се поврзат малубројните специјалисти за спортско право од повеќе држави. Зедничата работа во овој сегмент би овозможила брз развој на научната, стручната и образовната дисциплина а во крајна линија и позитивно би влијаела на законодавство и правната пракса во оваа област, како нешто што доправа доаѓа во нашиот правен систем.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Lazar Nanev
Date Deposited: 03 Sep 2013 08:45
Last Modified: 07 Aug 2015 07:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7037

Actions (login required)

View Item View Item