Психијатрија за студенти по медицина

Panova, Gordana and Richter, Kneginja and Niklevska, Gunter and Belevska, Dijana and Bajraktarov, Stojan (2013) Психијатрија за студенти по медицина. COBISS.MK-ID 93957130, 335 (616,89). Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-4708-24-7

[img]
Preview
Text
Kniga_Psihijatrija.pdf

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Учебникот е наменет за студенти по медицина, стоматологиј, како и за студенти на Високите медицински школи. Целта на учебникот е, на што поедноставен и структуриран начин да се опишат главните групи на психијатриски заболувања со особен осврт на оние заболувања со кои што идните лекари и професионалците од подрачјето на високиот медицински персонал ќе се сретнат во својата секојдневна практична работа. Поради тоа, описот на психијатриските заболувања следи аналогно на класификацијата МКБ 10 (Меѓународна класификација на заболувањата, 10–ревизија, издадена од Светската здравствена организација). Освен описот на етиологијата, епидемиолошките податоци, главните клинички симптоми, дијагнозата, диференцијалната дијагноза и терапијата, во поголемиот дел од поглавјата се прикажани случаи со прашања кои што треба да им бидат помагала на студентите при подготвување за исптните прашања. Психијатријата е мултидисциплинарна професија во која што, освен лекарите и медициснкиот персонал се вклучени и други академски професии како што се психолозите, социјалните терапевти и работните терапевти. Поради тоа, поглавјата за терапија, освен описот на медикаментната терапија, содржат и препораки за примена на психотерапијата и социотерапијата, а едно цело поглавје е посветено на психолошките мерни инструменти. Менталното здравје на поединецот е вмрежено со менталното здравје во семејството, а децата на лица со ментални заболувања се изложени на особен ризик и самите да заболат. На овие системски-психијатриски подрачја се посветени две поглавја од учебникот. Сите оние кои што работат со ментални заболувања треба особено да внимаваат на своето ментално и физичко здравје. Оваа тема е разработена во поглавјето за превенција на професионално согорување. Во последното поглавје опишана е актуелната организација на менталното здравје во Македонија која што е полна со предизвици за позитивни промени. Се надевам дека студентите со леснотија и задоволство ќе го читаат нашиот учебник, а знаењето ќе им користи за полагање на испити, но, што е многу поважно, дека ќе се разбуди професионален интерес и позитивно љубопитство за работа со лица со ментални заболувања.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Panova
Date Deposited: 27 Aug 2013 14:02
Last Modified: 07 Aug 2015 07:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7017

Actions (login required)

View Item View Item