Современото училиште и неговата воспитна функција

Petrova Gjorgjeva, Emilija (2005) Современото училиште и неговата воспитна функција. Воспитание, 4 (6-7). pp. 19-24.

[img]
Preview
Text
Современото училиште и неговата воспитна функција.pdf

Download (2540Kb) | Preview

Abstract

Проблемот на воспитната функција на училиштето во целина е комплексен, според своите димензии многу широк и многу сложен, бидејќи во него во најполна смисла и највидливо се манифестира определена динамика на општествениот живот, општественото движење, општествените противречности, различни општествени и други влијанија, социјалниот статус и средината во која живеат учениците, средствата на јавното информирање, улицата во своето негативно значење итн. Во последните години изразито се нагласува, до определен степен се фаворизира, и претежно материјално се вреднува и поттикнува исклучиво знаењето. Вреднувањето на знаењето, а не и на воспитната работа, практично веќе доведе до тоа што голем број наставници својот позив го сфаќаат еднострано, претежно ангажирајќи се во пренесувањето и утврдувањето на знаењата, додека за формирањето морално здрави и хумани личности не водат доволно грижа, немаат доволно увид во социјалното развивање и практичното социјално однесување на учениците, какви се нивните работни, хигиенски и други навики, во што кај нив се изразуваат општествено - штетните околности итн.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Emilija Petrova Gorgeva
Date Deposited: 26 Aug 2013 08:11
Last Modified: 26 Aug 2013 08:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6986

Actions (login required)

View Item View Item