Забоболката низ вековите

Dimova, Cena (2013) Забоболката низ вековите. In: Македонски конгрес за историја на медицината со меѓународно учество, 18-19 Apr 2013, Скопје.

[img]
Preview
Text
DIMOVA CENA Skopje 2013.pdf - Presentation

Download (2464Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Програма за IV македонски конгрес (2).pdf - Published Version

Download (768Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
- ISTORIJA- 2013.pdf - Supplemental Material

Download (423Kb) | Preview

Abstract

Поаѓајќи од археолошките испитувања и наоди на коските и забите, се чини дека помеѓу останатото коешто сигурно нé поврзува со праисториските луѓе е и забоболката. Се смета дека појавата на кариесот е постара од самиот homo sapiens, но, затоа пак забоболката е стара исто колку и самото човештво. Овие ставови се поткрепени со наодите на силна абразија на забите кај праисторискиот човек и длабоките кариозни дефекти што укажуваат на веројатност од појава на забна болка и развој на апсцеси. Први докази за употреба на забни дупчалки се пронајдени во гробници во Пакистан од неолитскиот период (пред 12.000 -5.000 години). Најраните писмени записи за забоболката датираат од пред 5000 години во Месопотамија. Раното лекување на забната болка со лекови, односно со нешто друго освен со призиви на некој бог, започнува околу 2250 година п.н.е. Антички народи имале различни толкувања за причините за забната болка и различен третман за олеснување од болка. Во средниот век стоматологијата се чини дека назадува, особено во Европа. Во 1530 била објавена “Медицина за заби” од анонимни автори, која била првата книга посветена целосно на стоматологијата. Напишана е на германски јазик, наместо на латински и широко се користи како прирачник за обука долго потоа. Во средновековна Англија, забите беа отстранувани како форма на казна. Во периодот на 17 век имало илјадници смртни случаи како последица на неуспешни стоматолошки процедури, главно поради инфекции. Во 1728 година стоматологија почнува да ја зазема својата модерна форма. Французинот Пјер Фуше ја објавува книга “Хирургот стоматолог” и со неговиот придонес и сеопфатна работа тој е именуван за татко на модерната стоматологија. Иако сме во 21 век сигурни сме дека забната болка ќе остане со нас уште долго време во иднина. На светла страна е тоа што ние имаме модерна стоматологија, безбедни лекови и современ третман на истата.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 09 Aug 2013 10:13
Last Modified: 19 Feb 2014 08:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6859

Actions (login required)

View Item View Item