Видови педагошки истражувања

Jovanova-Mitkovska, Snezana (2008) Видови педагошки истражувања. Воспитание (списание за образовна теорија и практика) 2007/8. pp. 49-53.

[img]
Preview
Text
Vidovi pedagoski istrazuvanja.pdf

Download (206Kb) | Preview

Abstract

Предмет на истражување во областа на воспитанието и образованието можат да бидат бројни педагошки прашања и проблеми за чие истражување може да се користат различни извори и различни видови на факти. Во таа насока, а со цел да се одговори на потребите од осознавање на педагогијата и воспитанието, се користат различни видови на педагошки проучувања и истражувања. Во овој труд ќе се задржиме на оние видови педагошки истражувања и проучувања кои најчесто се среќаваат во истражувачката теорија и практика како: фундаментални, теориски, применети, емпириски, развојни, акциони, социометриски, квантитативни, квалитативни.. Кој вид на педагошки проучувања и истражувања ќе се применува зависи од повеќе фактори меѓу кои: предметот, целта и задачите на истражувањето, видот на фактите кои ќе бидат собрани во истражувањето, логичко-методолошките постапки кои ќе се применат, материјалните, кадровските, временските и други услови. Во истражувањата кои се спроведуваат на подрачјето на восптанието и образованието често пати постои комбинација на видовите истражувања као дескриптивно-експликативни..што значи не постојат крути поделби. Сепак нивното разграничување овозможува увид во нивните специфичности, нивните карактеристики.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Jovanova
Date Deposited: 18 Jun 2013 14:11
Last Modified: 18 Jun 2013 14:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6626

Actions (login required)

View Item View Item