Утврдување на факторската структура, промените и идентичноста на латентната стурктура во морфолошкиот простор кај ученичките на 11 и 12 годишна возраст

Popeska, Biljana and Mitevski, Orce (2006) Утврдување на факторската структура, промените и идентичноста на латентната стурктура во морфолошкиот простор кај ученичките на 11 и 12 годишна возраст. Програмско – организациска, стручна и научна димензија на спортот:Зборник на трудови . pp. 309-315.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.popeska_Desktop_repozitorium_7 Утврдување на факторска структура, промени и идентичност во морфолошки простор 11 и 12 год (2006).pdf

Download (10Mb) | Preview
Official URL: http://www.fusmak.org.mk/

Abstract

Ha примерок од 156 испитаници од женски пол на возраст од 11 и 12 години, извршено е лонгитудинално истражување со примена на 11 антропометриски мерки за проценка на четири латентни димензии. Со факторска анализа на резултатите од првото мерење на 11 годишна возраст утврдени се две латентни морфолошки димензии дефинирани како волуменозна и скелетна димензионалност. Во второто мерење на 12 годишна возраст, изолирани се три латентни димензии именувани како волумен на телото, лонгитудинална димензионалност и поткожно масно ткиво. Иако во структурите на изолираните фактори се забележуваат разлики, факторските структури на изолираните фактори за волумен на телото и лонгитудиналниот фактор во 6 одделение се идентични со структура на волуменозната и скелетната димензионалност, изолирани од првото мерење во 5 одделение. Со понатамошна факторизација на изолираните фактори посебно во 5 и посебно во 6 одделение, во вториот ред е изолиран еден заеднички фактор за раст и развој.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Biljana Popeska
Date Deposited: 17 Jun 2013 13:19
Last Modified: 17 Jun 2013 13:19
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6554

Actions (login required)

View Item View Item