Ефектите од глобализацијата како меѓународен економски процес

Nikova, Marina (2013) Ефектите од глобализацијата како меѓународен економски процес. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Магистерски труд - Марина Никова.pdf

Download (635Kb) | Preview

Abstract

Предмет на обработка на овој труд ќе биде глобализацијата како историски процес којшто го вклучува проширувачкото, продлабочувачкото, забрзувачкото и растечкото влијание на светската меѓусебна поврзаност. Целта е да се расветли и да се објасни концептот на глобализацијата и создавањето на либерализиран и интегриран светски пазар на стоки и капитал, како и на обликување нов меѓународен институционален поредок што му служи на развојот на производството, трговијата и финансиските трансакции во светски рамки. На подолг план, во услови на глобализација, пазарното стопанство не може ефективно да функционира и бесконфликтно да ја развива својата меѓународна конкурентност, доколку не му се придружат институциите на демократската држава и граѓанското општество. Исто така, целта е да објасниме дека, меѓународните организации, во кои и банките за регионален развој и институциите што се занимаваат со определени аспекти на глобалната економска дејност – меѓу другите, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација (СТО), Конференцијата на Обединетите нации, одделение за Трговија и развој (UNCTAD), Светската здравствена организација (WHO), мораат ефективно да ги координираат своите дејности, бидејќи многу проблеми на глобалната економска сцена се појавуваат токму како последица на недостатокот на таквата координација. Соработката на водечките развиени држави од групата Г-7, како и ММФ и Светската банка, со некои невладини организации, во решавањето на голем број проблеми со задолженоста, даваат видливи ефекти. Иднината сигурно ќе донесе повеќе вакви иницијативи поврзани, меѓу другото, со инвестирањето на човечки капитал и заштита на природната околина, како и во борбата против сиромаштијата и нееднаквостите, кои во глобални размери постојано се зголемуваат.Оттука,понатамошните опкружувања во долгорочниот процес на глобализацијата ќе се засноваат на заемното приближување на се подлабоко интегрираните, се поголеми регионални пазари – NAFTA со ЕУ, APEC со SAARS, Меркоус со SADC,а на долгорочен план,заедничка соработка.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Sladzana Mitrovska
Date Deposited: 04 Jun 2013 14:26
Last Modified: 04 Jun 2013 14:26
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6497

Actions (login required)

View Item View Item